Петар Атанасов не можел да се бори со ветерници, ќе си оди и од раководството на СДСМ


„Причината за мојата оставка не е тоа што не станав министер, туку неостварувањето на реформите во образованието“, вели Петар Атанасов за „Независен весник“. Тој нагласува дека голем дел од програмата која ја подготвувал со неговиот тим за партијата и за Владата не е реализиран. Атанасов открива дека пред два месеца разговарал со премиерот Зоран Заев, …

Петар Атанасов не можел да се бори со ветерници, ќе си оди и од раководството на СДСМ Read More »

Со години нема учебници за стручното образование


Со години нема учебници во дел од средните стручни училишта, па наставниците се принудени сами да се снаоѓаат кога го предаваат наставниот материјал. За машинската струка фалат учебници по предметите технологија на обработка за прва, втора и трета година, компјутерско моделирање и конструирање за втора и трета година и проектирање на производно-технолошки системи за четврта …

Со години нема учебници за стручното образование Read More »

Промовиран нов концепт за граѓанско образование за активна улога на учениците во општеството


Новиот концепт за граѓанско образование подразбира систематизирано подготвување на младите за нивна активна улога во општеството и стекнување на современи граѓански компетенции согласно препораките на Европската комисија. Целиот живот во училиштата треба да биде базиран на градење на граѓански вредности кај младите и нивно постепено воведување во процесите на граѓанско учество. Токму затоа, концептот не …

Промовиран нов концепт за граѓанско образование за активна улога на учениците во општеството Read More »

Допрва ќе се решава за тестирањето на учениците


Надлежните допрва ќе анализираат дали и од кога ќе биде воведено национално тестирање. Ова беше една од препораките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), по анализата на основното и средното образование која утврди дека просечните резултати кај учениците од земјава на меѓународните тестирања стагнираат и дека дури повеќе од 50 отсто од нив …

Допрва ќе се решава за тестирањето на учениците Read More »

Македонија со добро образование само на хартија


Сè повеќе деца се вклучени во образовниот процес во земјава од претходно, меѓутоа, подобреното присуство на учениците не се одразува на резултатите од учењето. Просечните резултати кај учениците на меѓународните тестирања стагнираат последнава деценија и се меѓу најниските во регионот. Дури повеќе од 50 отсто од учениците во основните и средните училишта не ги развиваат …

Македонија со добро образование само на хартија Read More »

Откриени нови вакцини со декларации со истечен рок


Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и …

Откриени нови вакцини со декларации со истечен рок Read More »

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници


Учениците од скопското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Центар  часови по предметот физичко имаат во училница, во училишниот хол и надвор во дворот, кога временските услови се погодни. Новата спортска сала во училишниот двор е речиси готова, ама не се употребува. Родителите  забележуваат што целиот двор е ограничен за движење и ограден со …

Салата готова, учениците вежбаат во училници и ходници Read More »

Наставниците не сакаат уште еден филтер за кариерата


Министерството за образование и наука подготви измени на Законот за Академијата за наставници и на Законот за наставници во основните и во средните училишта со кои се одложува нивната примена, така што место од оваа учебна година да започнат една година подоцна – од учебната 2019/2020 година. Целта на предложените законски решенија е да се …

Наставниците не сакаат уште еден филтер за кариерата Read More »

Бруцошите со ентузијазам, се надеваат на успешна перспектива


Бруцошите вчера дојдоа на првиот академски час со ентузијазам дека изборот на факултетот на кој се запишале ќе им обезбеди успешна перспектива. Се надеваат дека знаењата што ќе ги стекнат ќе ги применат во професијата. Најголемиот дел од нив се гледаат во приватниот сектор, ама има и такви што сметаа дека и администрацијата е добро …

Бруцошите со ентузијазам, се надеваат на успешна перспектива Read More »

Првачињата највозбудени на првиот час


За околу двесте и седумдесет илјади ученици започна учебната година. Од нив 20.302 се првачиња, а близу осумнаесет илјади се запишани првпат во средно училиште. Лани, велат од Министерството за образование и наука, запишани биле 21.250 првачиња, што споредено со годинава е помалку за 948. Оттаму објаснуваат дека бројката не е конечна бидејќи во некои …

Првачињата највозбудени на првиот час Read More »

Адеми: Учебници за учениците ќе има


Министерот за образование и наука Арбер Адеми тврди дека за сите ученици ќе има учебници за учебната 2018/2019 година. За сè што работеле периодов, а ги опфаќа и дополнувањата и исправки во учебниците, рече дека Министерството има пријатни изненадувања, но повеќе ќе обелоденел на прес-конференција, иако  почетокот на учебната година е само за десетина дена. …

Адеми: Учебници за учениците ќе има Read More »

Заврши рокот за аплицирање за студентски кревет


Заврши рокот за доставување на документи за студентите од втора, трета и четврта година кои конкурираа за студентско легло во државните студентски домови. За академската 2018/2019 година во 13-те студентски домови се предвидени вкупно 5.496 легла. „Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена. Кандидатите нема да бидат рангирани на …

Заврши рокот за аплицирање за студентски кревет Read More »