Средба Ангеловска-Бежоска – Паолучи за новата Рамка за партнерство со Светската банка


 Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи, во рамки на консултациите по повод новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светската банка. На средбата од страна на претставниците на Светската банка се разговараше за подготовката на новата Рамка за партнерство која има за цел …

Средба Ангеловска-Бежоска – Паолучи за новата Рамка за партнерство со Светската банка Read More »

Извесна е само неизвесноста: Што порачаа банкарите на средбата на Виенската иницијатива во Скопје


  Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежоска, денеска порача дека инфлацијата забавува, но дека со цел да се сузбие на среден рок, порастот на платите треба да се усогласи со порастот на продуктивноста. Зборувајќи на средбата на Виенската иницијатива во Скопје, на панелот посветен на клучните предизвици за носителите на политиките: Монетарната и фискалната …

Извесна е само неизвесноста: Што порачаа банкарите на средбата на Виенската иницијатива во Скопје Read More »

Стабилноста на денарот е јавно добро и клучна за стабилноста на економијата


Стабилноста на денарот е јавно добро и е клучна за општата стабилност во економијата, изјави синоќа Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во обраќање на Свечената академија по повод 30 г.монетарна самостојност. Таа нагласи дека тоа и укажува колку е голема одговорноста која што ја има Народната банка како институција која што има мандат да …

Стабилноста на денарот е јавно добро и клучна за стабилноста на економијата Read More »

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на средба со бизнисмени


Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска денеска се сретна со претставници на компании, членки на Стопанската комора на Македонија. На средбата гувернерката и бизнисмените разговарале за тековниот макроекономски амбиент и состојбите во банкарскиот систем, а биле разгледани и проекциите на Народната банка во однос на економската активност, инфлацијата, надворешната позиција на економијата и …

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на средба со бизнисмени Read More »

Ангеловска-Бежоска: Предизвик за спроведување успешна и независна монетарна политика


Продолжување со спроведување на успешна и независна монтерна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на централната банка е предизвикот кој стои пред новоизбраниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска. Во изјава за медиумте по преземање на функцијата од досегашниот гувернер Димитар Богов, таа се заблагодари на претседателот Ѓорге Иванов …

Ангеловска-Бежоска: Предизвик за спроведување успешна и независна монетарна политика Read More »

Пред избор на нов гувернер: Резервираност во ВМРО-ДПМНЕ за Ангеловска-Бежоска


Со предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, Анита Ангеловска-Бежоска да биде нов гувернер, се очекува  да биде дополнет дневниот ред на денешната собраниска седница, која почнува истиот ден кога на досегашниот челник на НБРМ, Димитар Богов, му истекува седумгодишниот мандатот. Со оглед на тоа што новиот предлог на Иванов, откако Богов ја откажа втората номинација за …

Пред избор на нов гувернер: Резервираност во ВМРО-ДПМНЕ за Ангеловска-Бежоска Read More »

Мандатот на Богов истекува утре, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците


Утре истекува седумгодишниот мандат на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Според предлогот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој треба да биде поддржан од најмалку 61 пратеник во Собранието, Богов треба да го наследи Анита Ангеловска-Бежоска. Според собраниски извори предлогот за гласање треба да биде ставен на дневен ред на …

Мандатот на Богов истекува утре, предлогот за Ангеловска-Бежоска пред пратениците Read More »

И ДУИ го разгледува предлогот за гувернер


Го разгледуваме новиот предлог за гувернер, одговараат кусо од пратеничката група на ДУИ, откако претседателот Ѓорге Иванов излезе со нов кандидат за челното место во НБРМ. За разлика од претходниот предлог – за реизбор на Димитар Богов, на што ДУИ отворено се спротиставуваше, овој пат од партијата на Али Ахмети велат само дека го разгледуваат …

И ДУИ го разгледува предлогот за гувернер Read More »

Партиите без формален став за предлогот за нов гувернер


Анита Ангеловска – Бежоска е новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернер на Народната банка на Република Македонија, откако актуелниот гувернер Димитар Богов се повлече од кандидатурата претходно доставена од  Иванов, под влијание на, како што рече, реакциите и роковите за избор на гувернер. Политичките партии се уште тактизираат за предлогот Ангеловска – Бежоска …

Партиите без формален став за предлогот за нов гувернер Read More »