Во Авганистан започна нова учебна година – за еден милион девојчиња забранети се училишни клупи


Во Авганистан е одржана церемонија по повод почетокот на новата учебна година, а на новинарките им беше забрането да присуствуваат на церемонијата поради, како што соопштија властите, „недостиг на соодветни места“. Иако продолжувањето на образованието веќе трета година е забрането за повеќе од милион девојчиња, министерот за образование Абибула Ага во своето обраќање рече дека …

Во Авганистан започна нова учебна година – за еден милион девојчиња забранети се училишни клупи Read More »

Земјотрес од 6,5 степени го погоди западен Авганистан


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени го погоди денеска западен Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 36 километри северно од градот Херат, каде живеат околу 272 илјади луѓе. Длабочината на земјотресот е десет километри. Засега нема информации за жртви или штети, додаваат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотрес со јачина од 6,3 степени повторно го погоди западен Авганистан


 Нов силен земјотрес утрово го погоди западниот дел на Авганистан. Минатата недела во земјотресот во таа област загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а многу села беа срамнети со земја. Нов земјотрес со јачина од 6,3 степени е регистриран на околу 28 километри надвор од Херат, главниот град на истоимената провинција, на длабочина од 10 километри, …

Земјотрес со јачина од 6,3 степени повторно го погоди западен Авганистан Read More »

Бројот на жртви во земјотресите во Авганистан се искачи на 320, соопштија ОН


Најмалку 320 луѓе загинаа во силните земјотреси што денес го погодија северозападен Авганистан, соопштија Обединетите нации. Два земјотреси со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала погодија област на 25 милји северозападно од градот Херат, а беа проследени со четири големи последователни потреси, објави Геолошкиот институт на САД. Толпи луѓе избегаа од зградите по првиот …

Бројот на жртви во земјотресите во Авганистан се искачи на 320, соопштија ОН Read More »

Најмалку 14 загинати во земјотресот од 6,2 степени во Авганистан


 Во силниот земјотрес што денеска го погоди западниот дел на Авганистан загинаа најмалку 14 луѓе, а 78 се повредени. Првиот земјотрес беше со интензитет од 6,2 степени, додека вториот бил 5,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на 48 километри северозападно од градот Херат, а епицентарот бил во близина на градот Кара Баг. Најмалку илјада …

Најмалку 14 загинати во земјотресот од 6,2 степени во Авганистан Read More »

Кина е прва земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на талибанците


 Кина стана првата земја што официјално именуваше амбасадор во Авганистан по враќањето на талибанците на власт, откако кинескиот претставник денеска ги предаде акредитивните писма на церемонија во Кабул.  Талибанските власти не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не стави до знаење дали денешното назначување е знак за позначајни чекори кон официјалното …

Кина е прва земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на талибанците Read More »

Во Авганистан денеска заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина


Талибанците денеска објавија дека од денеска мора да бидат затворени сите салони за убавина бидејќи истече едномесечниот рок што им беше оставен на сопствениците сами да го направат тоа, а протестите против забраната во меѓувреме беа малку. Портпаролот на Министерството за пропагирање на вредности  и спречување пороци, Садик Акиф Махјар, не кажа децидно дали Талибанците …

Во Авганистан денеска заврши рокот за самостојно затворање на салоните за убавина Read More »

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога од земјата замина последниот американски војник


Талибанската Влада денеска го прогласи 31 август за национален празник. На 31 август 2021 година последниот американски војник го напушти Авганистан. Генерал-мајор Крис Донахју беше последниот американски војник што го напушти аеродромот во главниот град Кабул на полноќ на 30 август 2021 година. САД и нивните сојузници се повлекоа од Авганистан по 20-годишно воено присуство. …

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога од земјата замина последниот американски војник Read More »

ОН: Во Авганистан сè уште јавно се камшикуваат луѓе


Во денеска објавениот извештај на Обединети нации се наведува дека во последните шест во Авганистан јавно камшикувани се 274 мажи, 58 жени и две момчиња. Поголемиот број се со 30 до 39 удари со камшик за вонбрачни врски, бегство од дома, кражби, хомосексуалност, консумирање алкохол, измама и шверц на дрога. Во декември беше извршена и …

ОН: Во Авганистан сè уште јавно се камшикуваат луѓе Read More »

ОН: Итно се потребни 800 милиони долари за да се спаси Авганистан од глад


Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години. Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование …

ОН: Итно се потребни 800 милиони долари за да се спаси Авганистан од глад Read More »

Најмалку 11 загинати во земјотресот во Авганистан, од кои девет во Пакистан


Најмалку девет лица загинаа, а 44 се повредени во северозападен Пакистан по земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди соседен Авганистан доцна во вторникот, изјави пакистански владин претставник. Најмалку две лица загинаа во Авганистан, соопшти претставник на тамошната агенција за катастрофи. Земјотресот го почувствувале околу 285 милиони луѓе на површина …

Најмалку 11 загинати во земјотресот во Авганистан, од кои девет во Пакистан Read More »

Силниот земјотрес во Авганистан, почуствуван во седум држави


 Во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала што го погоди северен Авганистан загинаа најмалку три лица, двајца во Авганистан и едно дете во соседен Пакистан и предизвика силни потреси во северните делови на двете земји, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. #تازه:#زلزله قوی به قدرت ۷.۷ درجه بخش‌های زیادی از افغانستان و پاکستان …

Силниот земјотрес во Авганистан, почуствуван во седум држави Read More »

Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите, но не и девојките


Младите мажи денеска продолжија со предавањата на авганистанските универзитети кои повторно беа отворени по долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои, на нивно разочарување, талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат. Забраната за пристап до универзитет е едно од безбројните ограничувања на правата на жените усвоени од талибанците откако дојдоа на …

Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите, но не и девојките Read More »

Повеќе од 160 жртви од студот во Авганистан


Повеќе од 160 луѓе починаа од студ овој месец во Авганистан, каде зимата е најтешка во повеќе од една деценија, соопштија денес талибанските власти. Портпаролот на авганистанското Министерство за управување со природни катастрофи Шафиула Рахими изјави дека од 10 јануари досега поради многу студеното време загинале 162 лица, пренесе Ројтерс. Најстудената зима во последните 15 …

Повеќе од 160 жртви од студот во Авганистан Read More »

Расте бројот жртви на студеното време во Авганистан


 Бројот жртви како последица на студеното време во Авганистан расте, со регистрирани 120 починати за две седмици, изјави синоќа официјален претставник на авганистанските власти. Шафиула Рахими, портпаролот на Националната управа за управување со катастрофи на земјата, изјави за ДПА дека повеќе од 50 куќи се целосно или делумно уништени, а од студот угинале 70 илјади …

Расте бројот жртви на студеното време во Авганистан Read More »

Турција: Забраната за пристап на жените до високото образование во Авганистан не е ниту исламска ниту хумана


Турција ја отфрла и е „тажна“ поради новата забрана на талибанската влада во Авганистан, според која жените во земјата немаат право да студираат на универзитетите, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. – Оваа забрана не е ниту исламска ниту хумана. Ние ја отфрламе таквата забрана, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со неговиот јеменски …

Турција: Забраната за пристап на жените до високото образование во Авганистан не е ниту исламска ниту хумана Read More »

Авганистан: Талибанците ги забранија универзитетите за жените


  Талибанците најавија затворање на универзитетите за жените во Авганистан, се наведува во писмото на министерот за високо образование. Министерот вели дека овој потег е за понатамошно известување. Се очекува да стапи на сила веднаш. Тоа дополнително го ограничува пристапот на жените до формално образование, бидејќи тие веќе биле исклучени од повеќето средни училишта. Една …

Авганистан: Талибанците ги забранија универзитетите за жените Read More »

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан


 Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави денеска официјален претставник за ДПА. Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој. – Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или …

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан Read More »

Шеријатскиот закон се врати во Авганистан, наредба на врховниот лидер


  Талибанскиот лидер Хаибатула Ахунѕада им нареди на авганистанските судии да наметнат казни за одредени злосторства кои може да вклучуваат јавни ампутации и каменување. Неговиот портпарол рече дека престапите како што се грабеж, киднапирање и бунт мора да бидат казнети во согласност со толкувањето на групата на исламскиот шеријатски закон. Кога беа на власт во …

Шеријатскиот закон се врати во Авганистан, наредба на врховниот лидер Read More »

ОН: Одгледувањето опиум во Авганистан годинава е зголемено за 32 отсто


 Одгледувањето опиум во Авганистан се зголеми за 32 отсто во 2022 година откако талибанците ја презедоа власта, јави ДПА, повикувајќи се на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Ова се случува и покрај забраната за наркотици наметната од талибанците. Во годишниот извештај на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал се вели …

ОН: Одгледувањето опиум во Авганистан годинава е зголемено за 32 отсто Read More »