Хан го впери прстот во соседните земји за бегството на Груевски: Немам докази, но не сум наивен


  По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, информациите за тоа како стигнал во Унгарија дојдоа од соседните медиуми, а сега додека нашите власти испитуваат кој е одговорен за неговото бегство, лоцирањето на одговорноста повторно дојде отстрана. Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, прстот го впери во соседните земји на Македонија. Хан …

Хан го впери прстот во соседните земји за бегството на Груевски: Немам докази, но не сум наивен Read More »

Хан: Малку е веројатно Груевски да биде екстрадиран


Белгија-Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача утрово пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ дека не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија. Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан …

Хан: Малку е веројатно Груевски да биде екстрадиран Read More »

Хан: ЕУ е разочарана од таксата на косовската Влада на увозот од Србија и од БиХ


Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан, по денешните средба со косовскиот државен врв во Приштина, изјави дека Унијата е изненадена и разочарана од oдлуката на косовската Влада за воведување 100 отсто такса на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина. По одделните средби со претседателот Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри …

Хан: ЕУ е разочарана од таксата на косовската Влада на увозот од Србија и од БиХ Read More »

Мицкоски: Хан и Дол беа погрешно информирани дека има закани до пратениците


Официјалната делегација на ВМРО-ДПМНЕ што присуствуваше на Конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Хелсинки се врати во земјава. Претседателот Хрисијан Мицкоски ги демантира информациите во јавноста дека бил „влечен за уши“ од лидерите на европската десница, кои, наводно, му зеле за зло што не го прифаќа договорот со Грција и работи спротивно од евроатлантските …

Мицкоски: Хан и Дол беа погрешно информирани дека има закани до пратениците Read More »

Хан: Пратениците да ги стават настрана партиските интереси и да гласаат за иднината на земјата


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер изрази увереност дека пратениците од сите политички партии во македонското Собрание ќе ги тргнат настрана партиските интереси и ќе донесат одлука во интерес на земјата и граѓаните. – Ова се одлучувачки денови за Македонија. Пратениците ќе гласаат за историскиот Преспански договор што ги отвора вратите …

Хан: Пратениците да ги стават настрана партиските интереси и да гласаат за иднината на земјата Read More »

Хан за „Стандард“: Има закани против пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои сакаат да гласаат за Договорот


Белгија- Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за австриски „Стандард“ вели дека е запознаен со закани од страна на опозицијата против пратеници кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието. Тој од ВМРО ДПМНЕ побара да се откаже од, како што вели, деструктивниот пристап, и интересите на …

Хан за „Стандард“: Има закани против пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои сакаат да гласаат за Договорот Read More »

Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието


Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција. Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот …

Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието Read More »

Заев: Идната недела доаѓа Хан, почнува скрининг процесот


Следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан  почнува скрининг процесот, истакна вечерва премиерот Зоран Заев пред граѓанските организации со кои имаше консултативна средба во Владата. – Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките …

Заев: Идната недела доаѓа Хан, почнува скрининг процесот Read More »

Османи: На 17 јули Хан доаѓа во Скопје, почнува скрининг процесот


По децении чекање, веќе имаме датум за почеток за преговори со Европската унија. На 17 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје и тогаш формално и ќе го започнеме скринингот, што е предуслов за отворање на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју од Брисел за емисијата „Топ тема на …

Османи: На 17 јули Хан доаѓа во Скопје, почнува скрининг процесот Read More »

Хан: Верувам во успешен референдум


Верувам во успешен референдум и претпоставувам дека ќе добиете покана од НАТО на следниот самит, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за Топ тема на телевизија Телма. Според Хан, со одлуката донесена вчера, јасно е дека преговорите ќе стартуваат, но Македонија, почнувајќи од денес, за една година мора да има некакви реформи. – Ова …

Хан: Верувам во успешен референдум Read More »

Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ уште утре


Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој е одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го започне процесот на скрининг. – Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека …

Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ уште утре Read More »

Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори


Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, попладнево на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во Унијата во јуни 2019 година. – Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон …

Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори Read More »

Хан ја поздрави ратификацијата на договорот


Еврокомесарот за проширување преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот за спорот со името. – Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори, напиша Хан.

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повикува претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција. – Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно …

Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција Read More »

Хан до Албанија: Уапсете ги „големите риби“ или заборавете на интеграција во ЕУ


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и порача на Албанија дека доколку навистина сака да започне преговори за членство во ЕУ, треба да почне со апсење на „големите риби“. Во интервју за германскиот весник „Штутгартер Цајтунг“ Хан нагласува дека Албанија треба да ги изнесе пред правдата корумпираните функционери или во спротивно „добро ќе биде да …

Хан до Албанија: Уапсете ги „големите риби“ или заборавете на интеграција во ЕУ Read More »

Грчкото МНР: Хан не ги разбира преговорите за името, да престане да ги поткопува


Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите. – Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да …

Грчкото МНР: Хан не ги разбира преговорите за името, да престане да ги поткопува Read More »

Хан: Сега треба лидерите на Западен Балкан да ја преземат топката


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска нагласи дека Европската комисија со Стратегијата за проширување нацртала јасен пат кон посилна и поширока Унија. – Сега е ред лидерите на државите од регионот да ја преземат топката, нагласи Хан, претставувајќи го Пакетот проширување пред пратеници од Надворешнополитичкиот одбор на ЕП. Тој додаде дека …

Хан: Сега треба лидерите на Западен Балкан да ја преземат топката Read More »

По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје


По посетата на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во посета на Македонија доаѓа и претседателот на Европски совет Доналд Туск. Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, …

По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје Read More »

ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ


Европската комисија препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија, соопшти попладнево на прес-конференција еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот на напредокот на земјата. Препораката се базира на направената длабока анализа. Сторено е многу и тоа треба да биде пофалено, а ЕУ треба соодветно да одговори на тие напори, рече Хан. Еврокомесарот …

ЕК препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ Read More »

Могерини и Хан на 19 април во Македонија


Високата претставничка за европска надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, следната недела заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе се обрати на Собранието на Македонија. Нивната посета ќе следува еден ден по објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија. За содржината на извештајот и останатите прашања од интеграцискиот процес беше разговарано и на денешната …

Могерини и Хан на 19 април во Македонија Read More »