Фудбалот тоне како Титаник, а бизнис класата танцува и пие шампањ: во челуста на мерчендајзингот


  Сите имаме слика во нашата глава, без разлика дали сме читале хроники, романи или сме го гледале филмот за Титаник, како во бизнис класата патниците танцуваат и пијат шампањ додека бродот забрзано тоне, несреќниците кои се длабоко во утробата на прекуокенската грдосија се борат за своите животи давејќи се во водата која надоаѓа од сите страни. Титаник е …

Фудбалот тоне како Титаник, а бизнис класата танцува и пие шампањ: во челуста на мерчендајзингот Read More »

Колинда-Грабар Китаровиќ цел ден се дружи со навивачите и пее во Катар


  Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ од раните утрински часови денеска се загрева со навивачите за натпреварот меѓу Хрватска и Белгија, кој штошуку почна. Фотографите ја забележаа расположената Колинда во хрватски дрес додека пее со навивачите. „Јас ќе навивам од трибините со навивачите. Очекувам Хрватска да влезе во полуфиналето или финалето. Значи, ‘no pressure’, …

Колинда-Грабар Китаровиќ цел ден се дружи со навивачите и пее во Катар Read More »

Пирова победа на Мексико над С. Арабија, Аргентина и Полска одат понатаму


Драматично до последниот свиреж на судиите вечерва беше на натпреварите Аргентина – Полска и Мексико – Саудиска Арабија во рамки на последното коло во групната фаза на Групата Ц на Мундијалот во Катар. Репрезентацијата на Аргентина доминираше против Полска и го освои првото место во групата Ц, но двете селекции одат во осминафиналето. Фудбалерите на …

Пирова победа на Мексико над С. Арабија, Аргентина и Полска одат понатаму Read More »

Ослободени повеќе од 700 затвореници во Иран по победата на фудбалерите во Катар


Повеќе од 700 затвореници се ослободени во Иран по неодамнешната победа на иранската фудбалска репрезентација против Велс на Светското првенство во Катар, соопштија денеска иранските власти. По поразот од Англија со 6:2, Иран во петокот го победи Велс со 2:0, а утре игра против САД. Иранските правосудни власти ослободија 709 затвореници од различни затвори низ …

Ослободени повеќе од 700 затвореници во Иран по победата на фудбалерите во Катар Read More »

Петти ден на Мундијалот: Пресметка меѓу Србија и Бразил, игра и Португалија на Роналдо


  На петтиот ден од Мундијалот се закажани четири натпревари, а ќе играат сите селекции од групите Г и Х. Од 11 часот играат Швајцарија и Камерун, со што почнуваат натпреварите во групата Г. Во другите термини ќе играат Уругвај и Јужна Кореја од 14:00 часот, а од 17:00 часот Португалија и Гана. Последниот натпревар …

Петти ден на Мундијалот: Пресметка меѓу Србија и Бразил, игра и Португалија на Роналдо Read More »

СП2022: Германците во знак на протест ги покрија устите


Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love). Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во …

СП2022: Германците во знак на протест ги покрија устите Read More »

Најголеми мундијалски изненадувања


  Победата на Саудиска Арабија над Аргентина 2-1 во воведното коло од групата Ц на Светското првенство во Катар несомнено е меѓу најголемите мундијалски изненадувања во историјата и може да се спореди со триумфот на Северна Кореја над Италија или победата на САД против Англија. Аргентина допатува во Доха како еден од главните фаворити за светската титула …

Најголеми мундијалски изненадувања Read More »

Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 2:1


Првото големо изненадување на светски шампионат во фудбал го направи селекцијата на Саудиска Арабија совладувајќи ја Аргентина со резултат 2:1. Голем шок за еден од најголемите фаворити на Мундијалот во Катар се случи на отворањето на групата Ц, на натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија. Иако фаворизираните Аргентинци водеа со 1:0 со голот од пенал …

Сензација на Мундијалот: Саудиска Арабија ја победи Аргентина со 2:1 Read More »

Денеска три натпревари на СП 2022: Воведни настапи за Англија и Холандија


  Вториот ден на Светското фудбалско првенство во Катар ќе донесе три дуели, а настапот денеска го започнуваат две репрезентации од поширокиот круг фаворити за освојување на титулата – Англија и Холандија. Во воведниот натпревар од групата Б, Англија од 14 часот ќе игра против Иран, додека првото коло во оваа група ќе го комплетираат САД и Велс со почеток во …

Денеска три натпревари на СП 2022: Воведни настапи за Англија и Холандија Read More »

Милевски и Ристовски: Финска и Азербејџан генерална проба пред квалификациите за ЕП


Македонската фудбалска репрезентација во Скопје ја очекуваат два контролни натпревари, против Финска утревечер од 18 часот и против Азербејџан, в недела со почеток во 14 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Селекторот Благоја Милевски истакна на денешната прес – конференција дека двата натпревари ќе послужат како генерална проба за квалификациите за ЕУРО 2024 кои стартуваат во март идната година. -Лигата на …

Милевски и Ристовски: Финска и Азербејџан генерална проба пред квалификациите за ЕП Read More »

Аргентински навивачи се собираат во Катар, четворица пристигнаа со велосипеди


Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар. Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди. Четворицата аргентински …

Аргентински навивачи се собираат во Катар, четворица пристигнаа со велосипеди Read More »

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта


  Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес  го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта. Во второто коло во Скопје ќе гостува Украина на 16 јуни, три дена подоцна (19 јуни) …

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта Read More »

Македонската репрезентација во група со Италија и Англија за квалификациите за ЕУРО 2024


  Во германскиот град Франкфурт попладнево се одржа извлекувањето на составот на групите за квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 година чиј домаќин ќе биде Германија. Македонската репрезентација се најде во Ц-групата заедно со Италија, Англија, Украина, Малта. Во квалификациите ќе настапат 53 репрезентации кои ќе се борат за 23 места на …

Македонската репрезентација во група со Италија и Англија за квалификациите за ЕУРО 2024 Read More »

Фудбалскиот меч во Скопје влезе во бугарската изборна кампања


  Како што и се очекуваше, фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија во Скопје имаше многу голем политички влог, кој поради однесувањето на дел од навивачите на националната арена се претвори во точка на нови недоразбирања. Првиот меч во Разград помина коректно, па ФФМ и селекторот Благоја Милевски повикаа политиката да се остави настрана и …

Фудбалскиот меч во Скопје влезе во бугарската изборна кампања Read More »

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Бугарија ги заврши настапите во Лигата на нации


  Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје загуби од Бугарија со 1:0. Речиси цел натпревар „рисовите“ го одиграа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тодор Тодоровски во 14. минута по еден остар старт. Кирил Десподов во 50. минута го постигна единствениот гол на Националната арена „Тодор …

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од Бугарија ги заврши настапите во Лигата на нации Read More »

Милевски го одреди почетниот состав за дуелот со Бугарија


Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација одлучи со кои 11 ќе стартува вечерва против Бугарија во последното коло од групата во Лигата на нации. Во составот на Милевски се најдоа: голман: Столе Димитриевски одбрана: Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков, Тодор Тодоровски, среден ред: Александар Трајковски, Енис Барди, Елиф Елмас и Езѓан Алиоски напад: …

Милевски го одреди почетниот состав за дуелот со Бугарија Read More »

Посебен режим на сообраќај за вечерашниот фудбалски натпревар во Скопје


Посебен режим на сообраќај денеска ќе има на сообраќајниците во близина на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје поради фудбалскиот натпревар на репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија од Лигата на нации што почнува во 20.45 часот.   Министерството за знатрешни работи соопшти дека Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки …

Посебен режим на сообраќај за вечерашниот фудбалски натпревар во Скопје Read More »

Милевски и Алиоски од Тбилиси: Дојдовме по победа


Победнички амбиции пред утрешниот натпревар против Грузија во рамки на претпоследното коло во Лигата на нации искажаа македонскиот селектор Благоја Милевски и репрезентативецот Езѓан Алиоски на вечерашната официјална прес-конференција во Тбилиси.  –Се концентрираме на тоа како ќе функционираме како тим против одличен противник. Македонија имаше одлични квалификации за Светско првенство, одлични натпревари во баражот против …

Милевски и Алиоски од Тбилиси: Дојдовме по победа Read More »

Македонските фудбалери заминаа за Тбилиси на дуел со Грузија


Македонската фудбалска репрезентација, откако утринава тренираше во Скопје, попладнево со чартер-лет замина за Тбилиси на дуел против Грузија во рамки на Лигата на нации. Македонските фудбалери му гостуваат на лидерот во групата 3 од Ц-Дивизијата во ослабен состав без неколкумина стандардни фудбалери, вклучувајќи ги капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Дарко Чурлинов. Натпреварот во Тбилиси се игра в петок со почеток …

Македонските фудбалери заминаа за Тбилиси на дуел со Грузија Read More »

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за Грузија и Бугарија


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.  Првиот септемвриски меч ќе го одиграме на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена “Тодор …

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за Грузија и Бугарија Read More »