Македонските фудбалерки поразени од Бугарија во Лигата на нации


 Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз го почна настапот во новоформираната Лига на нации, откако попладнево во Скопје загуби од Бугарија со 1-0 (1-0) во рамки на првото коло во групата Ц 5. Бугарките во раната фаза од натпреварот го отворија резултатот со голот на Јоана Станкова во 4-тата минута што на крајот се покажа …

Македонските фудбалерки поразени од Бугарија во Лигата на нации Read More »

Македонските фудбалери вечерва против Малта по втора победа во евроквалификациите


 Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одржа официјалниот тренинг на Националниот стадион во Та Кали на кој вечерва од 20:45 часот ќе се обиде втор пат да ја совлада Малта во квалификациската група Ц и да ги задржи шансите за пласман на ЕУРО2024. Гостувањето во Малта доаѓа три денови по освоениот бод против европскиот првак Италија …

Македонските фудбалери вечерва против Малта по втора победа во евроквалификациите Read More »

ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш


Фудбалерите на Струга Трим Лум го совладаа попладнево Тиквеш со 3-1 на домашен терен во последниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).  Во натпревар со по еден црвен картон на двете страни, актуелниот шампион ја забележа втората победа сезонава со головите на Марјан Радески (15 минута) и двојниот стрелец  Агим Ибраими …

ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш Read More »

ПМФЛ: Без голови на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, прва победа на Вардар


Дербито во рамки на 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Шкендија и Шкупи заврши попладнево во Тетово без голови, додека Вардар ја забележа првата победа оваа сезона, совладувајќи го градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров. Во преостанатите три натпревари од денешната програма, Силекс со играч помалку триумфираше на гостински терен против Гостивар, Воска …

ПМФЛ: Без голови на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, прва победа на Вардар Read More »

Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП


Општина Ѓорче Петров со одлука на Советот вчера ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП, со цел тимот да пронајде нови инвеститори во иднина. Градоначалникот на општин Ѓорче Петров, Александар Стојкоски беше на тренингот на македонскиот прволигаш и најави дека ќе продолжи со поддршката кон клубот. – На последната седница на Советот на Општина Ѓорче …

Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП Read More »

Почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија за ЕП 2024


Денеска, почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија на Националната арена „Тодор Проески“ од квалификациите за ЕП 2024.Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Продажбата на билетите, како што велат од ФФМ ќе биде исклучиво преку продажната мрежа на „МК тикетс“ со физичко …

Почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија за ЕП 2024 Read More »

Англија ѝ го нанесе најтешкиот пораз на македонската фудбалска репрезентација


Рекорден пораз во својата историја претрпе вечерва македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Манчестер од англиската селекција. Дуелот од квалификациите за Еуро 2024 на „Олд Трафорд“ заврши со 7:0 за домаќините. Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни на секој дел од теренот. Англичаните „голеадата“ ја почнаа во 29.минута кога резултатот го отвори Хари Кејн. …

Англија ѝ го нанесе најтешкиот пораз на македонската фудбалска репрезентација Read More »

Милевски: За добар резултат против Украина ќе мора да биде на повисоко ниво од нашето


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Украина. – Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготовка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма …

Милевски: За добар резултат против Украина ќе мора да биде на повисоко ниво од нашето Read More »

Севиља го потврди епитетот „кралица на Лига Европа“ во драматично финале против Рома


Севилја вечерва ја победи Рома во финалниот натпревар од Лигата на Европа. Средбата се одржа на „Пушкаш арена“ во Будимпешта (Унгарија). Во 35. минута, Пауло Дибала го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. На почетокот на вториот дел од средбата, дефанзивецот на италијанскиот клуб Џанлука Манчини по центаршут од десното крило ја …

Севиља го потврди епитетот „кралица на Лига Европа“ во драматично финале против Рома Read More »

(Видео) Шампионска парада на женскиот и на машкиот тим на Барселона, присуствуваа 76 илјади луѓе


Машкиот и женскиот фудбалски тим на Барселона вчера ги прославија шампионските титули. Според „Марка“ повикувајќи се на полициски информации, на парадата присуствувале 76.000 луѓе. Автобусите со тимови тргнаа од стадионот „Камп Ноу“ до Триумфалната капија. Фудбалерите им делеа на навивачите шалови и маички, додека тренерот Чави, подели неколку лименки пиво со навивачите. Френк Кеси и …

(Видео) Шампионска парада на женскиот и на машкиот тим на Барселона, присуствуваа 76 илјади луѓе Read More »

Наполи и Елмас се шампиони на Италија: Сцени за историја по 33 години чекање


Фудбалерите на Наполи, во чиј тим настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по трет пат во својата историја станаа шампиони на Италија, а титулата математички ја обезбедија со освоениот бод на гостувањето во Удине играјќи 1:1 против домашниот Удинезе. Домашните поведоа во 13. минута, а стрелец беше Санди Ловриќ. Наполи израмни во 52. минута, кога …

Наполи и Елмас се шампиони на Италија: Сцени за историја по 33 години чекање Read More »

Македонската фудбалска репрезентација забележа минимална победа над Фарски Острови


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во пријателски натпревар ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Бојан Миовски во 81. минута. „Црвено-жолтите“ заслужено победија на арена „Тодор Проески“ во Скопје, имаа повеќе шанси, но и гостите два пати сериозно се заканија. Селекторот Благоја Милевски испроба неколку фудбалери кои не се стандардни …

Македонската фудбалска репрезентација забележа минимална победа над Фарски Острови Read More »

Почетниот составот на македонската фудбалска репрезентација за натпреварот со Фарски Острови


Македонската фудбалска репрезентација денес ја очекува контролен натпревар со репрезентацијата на фарски Острови. „Црвено-жолтите“ ќе бидат со изменет состав во споредба со натпреварот со Малта одигран во четвртокот Селекторот Благоја Милевски за овој дуел се одлучи за следниов почетен состав и формација 4-3-3: голман: Дамјан Шишковски одбрана: Кире Ристевски, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски среден …

Почетниот составот на македонската фудбалска репрезентација за натпреварот со Фарски Острови Read More »

Манчини: Италија има три клуба во четвртфиналето на ЛШ, а во нив има 7-8 Италијанци


Селекторот на Италија, Роберто Манчини се пожали на недостиг од италијански играчи во врвните клубови во Серија А. – Ние, во италијанската репрезентација, сме уште полоши од Англичаните. Не знам зошто има толку малку напаѓачи, ние сме крајно ограничени во овој аспект. Три наши екипи стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите, но овие три …

Манчини: Италија има три клуба во четвртфиналето на ЛШ, а во нив има 7-8 Италијанци Read More »

Нема италијанско или англиско финале во Лигата на шампиони


Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе игра против Челзи во четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), одлучи денешната жрепка во Нион, а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра против поуспешниот од пресметката меѓу Манчестер сити и минхенски Баерн. Во преостанатите два четвртфинални дуели се среќаваат Интер против Бенфика, како и Милан против Наполи во италијанската пресметка. Победниците од овие два дуели ќе бидат противници во …

Нема италијанско или англиско финале во Лигата на шампиони Read More »

Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по освојување на светската титула


 Над 1.5 милиони луѓе се обидоа да купат влезници за првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Аргентина откако ја освои титулата на неодамнешното Светското првенство во Катар. Влезниците за пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Панама се распродадоа во рекорден рок и покрај високите цени во земјата која се соочува со раст на инфлацијата. Натпреварот ќе се игра на 23 март на стадионот „Монументал“ …

Рекорден интерес за првиот натпревар на Аргентина по освојување на светската титула Read More »

Милевски: Поквалитетни сме од Малта, треба тоа да го покажеме на терен


 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ја прифаќа фаворитската улога за претстојниот натпревар со Малта во квалификациите за ЕП. Тој смета дека квалитетот треба да се покаже на терен.  – Поквалитетни сме од Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Очекувањата се да победиме и ќе дадеме се од себе успешно да ги почнеме овие квалификации. …

Милевски: Поквалитетни сме од Малта, треба тоа да го покажеме на терен Read More »

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на СП 2030


Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација (АФА), Клаудио Тапија изјави дека Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднеле заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година. – Денес е многу важен ден за историјата на нашите четири земји. Сонуваме повторно да бидеме домаќини на Светското првенство на стогодишнината. Сите ние Јужноамериканците сме многу страсни, живееме …

Аргентина, Уругвај, Чиле и Парагвај поднесоа заедничка кандидатура за домаќин на СП 2030 Read More »

Барселона ја совлада Севиља и му побегна на Реал Мадрид на осум бода предност


  Фудбалерите на Барселона го искористија киксот на Реал Мадрид и со убедлива победа од 3-0 против Севиља му побегнаа на „кралскиот клуб“ со осум бодови разлика. Во првиот натпревар во неделата фудбалерите на Реал Мајорка направија големо изненадување совладувајќи го Реал Мадрид со 1-0. Мајорка на тој начин обезбеди можност Барса да избега на …

Барселона ја совлада Севиља и му побегна на Реал Мадрид на осум бода предност Read More »

Почнува Светското клупско првенство во фудбал


  Мароко од утре до 11 февруари првпат во својата историја ќе биде домаќин на Светското клупско првенство, на кое ќе настапат седум екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања – Реал Мадрид, Фламенго, Казабланка, Сиетл, Оукленд, Ал Ахли и Ал Хилал. Клупското СП ќе биде отворено со дуелот меѓу Ал Ахли и Оукленд, а победникот …

Почнува Светското клупско првенство во фудбал Read More »