Стивен Сигал пристигна во Москва да ја бодри Хрватска


Холивудскиот актер Стивен Сигал пристигна во Москва за да го следи полуфиналниот натпревар од Светското фудбалско првенство меѓу Хрватска и Англија. Во куса изјава за фоторепортерите кои го уловија додека шеташе по „Црвениот плоштад“, тој порача дека ќе навива за Хрватите. Медиумите јавуваат дека атмосферата во главниот град на Русија е фантастична, по десет илјади …

Стивен Сигал пристигна во Москва да ја бодри Хрватска Read More »

Фото/Видео: Веселиот Вида слави: „Кафана је моја судбина“


Одбранбениот фудбалер на хрватската фудбалска репрезентација, Домагој Вида продолжува да им создава проблеми на своите претпоставени. По победата над Русија и пласманот во полуфиналето од Светското првенство, се појави нова снимка, на која се гледа како заедно со тренерот на репрезентацијата, Ивица Олиќ со пиво наздравуваат и пеат: „Кафана је моја судбина“. Песната им ја …

Фото/Видео: Веселиот Вида слави: „Кафана је моја судбина“ Read More »

Путин: Нашите играчи се херои


Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша фудбалерите на „Зборнаја“ како „херои“. Тие загубија достојно од Хрватска со убава игра, објави неговиот прес-секретар, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите по средбата на стадионот „Фиш“ во Сочи.  – За нас момците се херои, со кои се гордееме, категоричен беше Песков. Селекторот на домашниот тим, Станислав Черчесов откри …

Путин: Нашите играчи се херои Read More »

Грабар-Китаровиќ патува на фудбал во Русија со комерцијален лет и без дневници


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ утре ќе отпатува во Сочи каде што ќе го следи четврфиналниот меч од Светското првенство во фудбал меѓу Русија и Хрватска (сабота, 20 часот). Таа вели дека ќе мора да се појави во ВИП-ложата на стадионот, иако повеќе би сакала да биде обичен навивач.ж „Сепак, би било навредливо кон домаќинот доколку …

Грабар-Китаровиќ патува на фудбал во Русија со комерцијален лет и без дневници Read More »

Американската и руската амбасада во Загреб се скараа за фудбал


Пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во четврфиналето од Светското првенство, каде што за противник ја чека Русија, предизвика препирка меѓу американската и руската амбасада во Загреб. „Претпоставувам сите знаете за кого ќе навивам“, напиша на „твитер“, американскиот амбасадор Роберт Кохорст, илустрирајќи го статусот со знамињата на Хрватска и на Русија. По кратко вреем, стигна одговор. …

Американската и руската амбасада во Загреб се скараа за фудбал Read More »

Маскерано се повлече од репрезентацијата


Натпреварот со Франција беше последен за еден од најискусните играчи на Аргентина, Хавеир Маскерано. Тој по поразот од „триколорите“ во осминафиналето на Мундијалот, објави дека се повлекува од репрезентацијата. – Од овој момент јас сум само обичен навивач на Аргентина и се надевам дека момците ќе можат да направат нешто во блиска иднина, изјави 34-годишниот …

Маскерано се повлече од репрезентацијата Read More »

Пике неизвесен за мечот против Русија


Одбранбениот фудбалер на шпанскиот национален тим, Жерар Пике, има повреда на левиот скочен зглоб здобиена на тренингот пред натпреварот со Русија закажан за попладне од 16 часот на стадионот „Лужники“ во Москва. Пике го прекина вчерашниот тренинг поради болка, по што докторот на репрезентацијата почна со интервенција. Како што пренесуваат шпанските медиуми, постои веројатност Пике …

Пике неизвесен за мечот против Русија Read More »

Јелена Карлеуша нема да трча гола до Русија, Србите си одат дома


Русија– Пејачката Јелена Карлеуша вети дека ќе трча гола до Русија доколку српската репрезентација успее да го победи Бразил и се пласира во осминафиналето од Светското првенство во фудбал, но ќе нема шанса да го исполни ветеното. Бразилците рутинирано славеа со 2-0 (1-0) со головите на Паулињо и Силва и се пласираа на првото место …

Јелена Карлеуша нема да трча гола до Русија, Србите си одат дома Read More »

Аргентина-Франција во сабота, Хрватска-Данска во недела


Фудбалерите на Аргентина успеаја да се провлечат во осминафиналето од Светското првенство во Русија откако синоќа во драматичен меч ја совладаа Нигерија со 2-1. „Гаучосите“ поведоа со голот на Меси во 14. минута, потоа погодија статива, но работите се сменија во вторито дел. Нигерија израмни од сомнителен пенал во 51. минута (Мозес), а потоа пропушти …

Аргентина-Франција во сабота, Хрватска-Данска во недела Read More »

Роналдо: Ја остваривме целта


Репрезентацијата на Португалија се пласира во осминафиналето на Светското фудбалско првенство и со тоа ја исполни првата цел. Ѕвездата на португалскиот национален тим Кристијано Роналдо е задоволен од пласманот во елиминациската фаза. -Целта е исполнета. Фокусирани на следните предизвици. Напред Португалија, напиша Роналдо на својот Фејсбук профил. Португалците со пет бода го освоија второто место во …

Роналдо: Ја остваривме целта Read More »

СП 2018: Денеска играат: Англија- Панама, Јапонија-Сенегал, Полска –Колумбија


Русија- Денеска со натпреварите од Г и Х група се затвара второто коло. Од 14 часот, во Нижни Новгород ќе се сретнат селекциите на Англија и на Панама. Јапонија и Сенегал ќе ги одмерат силите на Екатерингбур арената, од 17 часот . Вечерниот термин од 20 часот е резервиран за селекциите Полска и Колумбија, во …

СП 2018: Денеска играат: Англија- Панама, Јапонија-Сенегал, Полска –Колумбија Read More »

СП2018: Мексиканските фудбалери не можат око да склопат од своите навивачи


Капитенот на мексиканската репрезентација, Рафаел Маркес, ги замоли навивачите на неговиот тим да ги остават фудбалерите да се одморат. Голема група мексикански навивачи синоќа се појави пред хотелот каде е сместена мексиканската репрезентација, по што скандираа и пееја со цел да ги поздрават фудбалерите. Играчите се сретнаа со навивачите, а им се обрати капитенот. „Навистина …

СП2018: Мексиканските фудбалери не можат око да склопат од своите навивачи Read More »

Шкендија го претстави Омар Имери


Македонскиот шампион Шкендија го промовираше младинскиот репрезентативец Омар Имери како третото засилување за следната сезона. Имери во клубот од Тетово доаѓа од Шкупи, каде одигра 24 натпревари и даде три гола изминатата сезона. Тој потпиша тригодишен договор со Шкендија. Претходно македонскиот шампион се засили и со Костадин Чешмеџиев од Академија Пандев и Ремзифаик Селмани кој …

Шкендија го претстави Омар Имери Read More »

СП 2018: Фудбалскиот сојуз на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА


Фудбалската федерација на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА заради пропустите на главниот судија на натпреварот со Швајцарија, Феликс Брих, но и заради вмешување на политички елементи во спортот. Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а според Фудбалската федерација на Србија една од причините …

СП 2018: Фудбалскиот сојуз на Србија ќе поднесе жалба до ФИФА Read More »

Ѓоковиќ: Ајде Хрватска


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја поддржа хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија. Пред синоќешниот меч со Аргентина, популарниот Ноле, на својот инстаграм напиша: „Ајде Хрватска“. Хрватите победија со 3-0 и се пласираа во осминафиналето од првенството.

(Фото): Хрватската убавица што го полуде фудбалскиот свет


Фотографиите на таинствената убавица во дрес од Хрватска што камерите упорно ја ловеа на мечот Хрватска – Нигерија (2-0), ги запалија љубителите на најважната споредна работа на светот. Хрватските медиуми се потрудија да ја пронајдат. Се вика Ивана Кнол, родена е во Германија, а по запишувањето на Графичкиот факултет во Загреб, се преселува во Хрватска. …

(Фото): Хрватската убавица што го полуде фудбалскиот свет Read More »

Агуеро: Меси е само човек


Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро изјави дека целиот тим го поддржува Лионел Меси кој пропушти пенал при 1-1 против Исланд вчера на Светското првенство. Агуеро го отвори резултатот во корист на „гаучосите“, но Алфред Финбогасон изедначи, а во второто полувреме Меси пропушти од белата точка, во првиот меч од групата „Д“. – Меси покажа дека е …

Агуеро: Меси е само човек Read More »

Русите пресреќни: Достојни сме на предизвикот


Селекторот на репрезентацијата на Русија, Станислав Черчесов беше во одлично расположение по убедливата победа со 5:0 над Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот 2018. Черчесов не штедеше пофалби за своите играчи. – На вчерашната прес-конференција реков дека со зборови не се победува. Ако си подобар, треба да го докажеш тоа на теренот. Благодарам на момчињата. …

Русите пресреќни: Достојни сме на предизвикот Read More »

Петарда на Русија против Саудиска Арабија


Репрезентацијата на Русија со победа го започна настапот на Светското првенство во фудбал. Попладнево, домашната селекција ја совлада Саудиска Арабија со 5-0 (2-0). Стрелци на головите беа Јури Газински  (12΄),  Денис Черишев  (43΄,  90΄),  Артем Ѕуба  (71΄) и Александар Головин во 93 минута. Натпреварот на стадионот „Лужники“ во Москва не беше атрактивен за гледање. Русите …

Петарда на Русија против Саудиска Арабија Read More »

Путин посака добредојде, Светското првенство почна


Рускиот претседател Владимир Путин им посака добредојде на сите 32 учеснички на Светското првенство во фудбал што од денеска до 15 јули ќе се игра во Русија. Тој рече дека фудбалот е повеќе од игра, туку обединувачки фактор во љубовта. Светското фудбалско првенство, што се игра во Русија офивијално беше отворено со свечена церемонија на стадионот „Лужники“ во …

Путин посака добредојде, Светското првенство почна Read More »