Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство


По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум. На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со …

Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство Read More »

Романски свештеник со закани за тие што не учествуваа на референдумот


Романски свештеник се закани дека ќе ги исклучи од црквата луѓето кои не гласаа на референдумот за уставни измени за дефинирање на семејството. Референдумот се одржа во неделата, а романските гласачи беа повикани да гласаат за промена на дефиницијата на бракот во романскиот Устав од „заедница на сопружници“, како што е сега, во „заедница меѓу …

Романски свештеник со закани за тие што не учествуваа на референдумот Read More »

Заев: Пратеници, време е!


Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален фб профил со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на стратешките приоритети на земјата – членството во НАТО и ЕУ. – Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа …

Заев: Пратеници, време е! Read More »

Ќе се пече ли ДИК трипати во шест месеци?


Со уште несредени впечатоци од референдумот, членовите на Државната изборна комисија се во исчекување дали можеби уште оваа седмица ќе треба да почнат со подготовки за спроведување предвремени парламентарни избори на 25 ноември, како прв термин што го најави премиерот Зоран Заев. Според првичните најави, доколку во наредните два дена не се постигне договор со …

Ќе се пече ли ДИК трипати во шест месеци? Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го оспорува референдумот со кој се гордее


ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот. ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие локални избори. Опозициската партија со ист коментар по завршувањето на локалните избори минатата година и резултатите од референдумот. Иако ВМРО-ДПМНЕ го прогласи референдумот за неуспешен и лидерот на партијата Христијан Мицкоски упати „длабока почит“ кон граѓаните и констатираше дека народот не го скршиле …

ВМРО-ДПМНЕ го оспорува референдумот со кој се гордее Read More »

СДСМ се „пресели“ пред ВМРО-ДПМНЕ: Откажете се од барањето за амнестија


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против. Ова денеска го изјави потпретседателот и пратеник на СДСМ Мухамед Зеќири, на прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во последните седмици, претставници на владејачката партија се почесто одржуваат прес-конференции …

СДСМ се „пресели“ пред ВМРО-ДПМНЕ: Откажете се од барањето за амнестија Read More »

Избори со техничка влада, но не од 100 дена


Пораките што и вчера доаѓаа однадвор за гласање на уставните измени не допираат до политичките елити во земјава. Власта и опозицијата остануваат во своите ровови, па со секој изминат ден станува поверојатно дека наскоро повторно ќе одиме на гласање. Според нашите информации, најверојатно со техничка влада, но без 100 дена како што е пржинскиот договор. …

Избори со техничка влада, но не од 100 дена Read More »

Партијата на Села одлучува за избори


Алијансата на Албанците вeчерва ќе заседава во своето седиште во Тетово. Тема на состанокот е анализа на референдумските резултати и политичката ситуација во која се наоѓа земјава. Во тој контекст, се очекува партијата на Зијадин Села уште еднаш да ги охрабри партиите да ги изгласаат потребните уставни измени за да заживее договорот со Грција, но …

Партијата на Села одлучува за избори Read More »

Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието


Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција. Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот …

Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието Read More »

Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за власта неприфатливи, изборите се поизвесни


Барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои беа дефинирани на завчерашниот состанок на партискиот Извршен комитет, а потврдени на синоќешата седница на Централниот комитет за Владата се неприфатливи. Владата останува на ставот дека следните денови ќе се направат сите обиди за да се разговара со пратениците од Собранието со цел да се постигне договор за двотретинско мнозинство …

Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за власта неприфатливи, изборите се поизвесни Read More »

Да не се каеме како Британците


Александра М. Митевска Не помина ниту една година кога голем процент Британци зажалија за одлуката што ја донесоа кон средината на 2016 година за отцепување од Европската Унија. Анкетите што се правеа потоа покажаа дека процентот на оние што се каат за изборот што го направиле е поголем од бројката на оние што ја одобруваат …

Да не се каеме како Британците Read More »

Високите бројки во анкетите ја промашија целта


Недоволниот одѕив на гласачи на референдумот го доведе во прашање кредибилитетот на истражувачките агенции, кои го мереа пулсот на јавноста во пресрет на неделното изјаснување. Наместо предвидените минимум 750.000 гласачи, па сè до оптимистичните прогнози дури и за исполнување на цензусот, излезеноста на граѓаните застана на речиси 37 проценти или околу 660.000 државјани на Македонија …

Високите бројки во анкетите ја промашија целта Read More »

Вмровските пратеници – и на цена и под закани


Меѓу 48 члена на пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, според собраниски извори, има барем десетина – и од ВМРО-ДПМНЕ и од помалите партии – кои се расположени да гласаат за уставните измени што треба да следат по референдумот. Но во деновите пред и по референдумот, наводно, тие им се пожалиле на свои колеги …

Вмровските пратеници – и на цена и под закани Read More »

Данев: Ако има тајно гласање за уставни измени ќе излезам од седницата


Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, изјави вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата. Тој повтори дека цензус нема и оти не се исполнети …

Данев: Ако има тајно гласање за уставни измени ќе излезам од седницата Read More »

НАТО: Да беше Русија пријател ќе го поздравеше референдумот


Слободанка Јовановска Наш специјален известувач Брисел – По обвинувањата од Русија дека од надвор се наметнува одлука на граѓаните во Македонија околу членството во НАТО и договорот од Преспа од алијансата порачуваат дека да ѝ беше Русија навистина пријател на Македонија -и таа ќе застанеше зад референдумот. -Ова е домашно прашање. Наш интерес е едноставно …

НАТО: Да беше Русија пријател ќе го поздравеше референдумот Read More »

Врвот на СДСМ ќе заседава за референдумот


Извршниот одбор на СДСМ, според информации од партиски извори, ќе заседава наскоро за да ја разгледа ситуацијата по референдумот и да ги утврди следните чекори, со оглед на најавените консултации со ВМРО-ДПМНЕ околу можноста за соработка за донесување на уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција и од друга страна отворената можност за одржување …

Врвот на СДСМ ќе заседава за референдумот Read More »

Читај за Русија, пишувај за Македонија


Речиси истите зборови што веднаш по референдумот ги употребија руското министерство за надворешни работи и официјалните српски претставници, можеа да се слушнат и од вилата во Водно каде што претседателот Ѓорге Иванов го прогласи неделното гласање за неуспешно, а договорот за името со Грција – „мртов“. Зад декларативната желба за европска интеграција на Македонија доминира …

Читај за Русија, пишувај за Македонија Read More »

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драга Данев вели дека нема да гласа за уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција. -За мене таа работа е завршена. Референдумот не успеа и јас како пратеник нема да гласам за уставни измени, изјави Данев за „Независен весник“. Во очекување на консултациите меѓу мнозинството и ВМРО-ДПМНЕ за …

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени Read More »

Хачинсон: Се чека одлуката на парламентот за да ве поздравиме во НАТО


Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, оцени дека се задоволни што гласањето на референдумот во Македонија беше над 90 проценти и дека сега ја чекаат одлуката на парламентот  за да нѐпоздрават како членка  на НАТО во блиска иднина. На забелешка на новинар од „Вашингтон пост“  дека граѓаните не покажале голем ентузијазам на референдумот, таа …

Хачинсон: Се чека одлуката на парламентот за да ве поздравиме во НАТО Read More »

Шест приговори за референдумот до ДИК, рокот за подонесување до 22 часот


До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември. Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето. Рокот за поднесување  на приговорите …

Шест приговори за референдумот до ДИК, рокот за подонесување до 22 часот Read More »