Што пишува во изборната програма на Пендаровски: Има и грешки, ама патот е тој


Претседател што обединува и гарантира безбедна иднина, шеф на државата што ќе биде нејзино лице, одлични односи со соседите и стратегиска цел за членство во НАТО и во ЕУ, како и владеење на правото и на демократијата. Ова се шесте столба на кои се темели изборната програма на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски. Тој ветува …

Што пишува во изборната програма на Пендаровски: Има и грешки, ама патот е тој Read More »

Учесниците во изборната кампања треба да поднесат финансиски извештај


Учесниците во изборната кампања, денеска, на 11-тиот ден од кампањата до треба да поднесат финансиски извештај со спецификација на трошоците на жиро-сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања. Ова е првиот извештај што учесниците во изборната кампања треба да го поднесат до ДИК, ДЗР, и …

Учесниците во изборната кампања треба да поднесат финансиски извештај Read More »

Силјановска ќе биде претседател во еден мандат: Од моите привилегии се откажувам, на Црвенковски и Иванов им ги оставам


Парламентот ќе го гласа целиот тим на премиерот, а не еден по еден министер. Собранието и Владата ќе доаѓаат и ќе си одат заедно, во вториот круг на претседателските избори ќе нема цензус, народните канцеларии остануваат отворени за (ин)директен контакт со граѓаните, новинарите ќе бидат повикувани на редовни брифинзи, а претседателот на државата ќе се …

Силјановска ќе биде претседател во еден мандат: Од моите привилегии се откажувам, на Црвенковски и Иванов им ги оставам Read More »

Гневните, разочараните и заборавените ќе ја изберат Гордана за претседател


АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ Имајќи предвид дека на страниците на „Независен весник“ пишувам секоја втора среда и дека до првиот круг на претседателските избори ќе немам друг текст, би сакал да го кажам моето мислење во однос на кампањата и кандидатите. Прво нешто што паѓа во очи е огромната разлика во квалитет. Од една страна е Гордана …

Гневните, разочараните и заборавените ќе ја изберат Гордана за претседател Read More »

Првоаприлски старт на претседателската кампања: Нема да се лажеме!!!


Предизборната кампања за претседателските избори закажани за 21 април и официјално почнува денеска – на денот на шегата или како што го нарекуваат некои – денот на лагата. Совпаѓањето на двата датума беше џек-пот во рацете на граѓаните за дополнителна тривијализација на предизборната трка со оглед на нивната разочараност и изневереност во поглед на големиот …

Првоаприлски старт на претседателската кампања: Нема да се лажеме!!! Read More »

ДИК: Потребни се 723.252 гласачи за избор на нов претседател


Вкупно 1.808.131 избирачи ќе може да учествуваат на шестите претседателски избори во земјава. Државната изборна комисија вчера го заклучи Избирачкиот список за изборите на 21 април, односно 5 мај, кога ќе се гласа и за нови градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село. Според ДИК, 1.726.696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, а …

ДИК: Потребни се 723.252 гласачи за избор на нов претседател Read More »

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ


Муамед Сејдини е пред промоција како нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатот од општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) на Кичево е единствена опција за наследник на Илчо Ѓорѓиоски кој се повлече од функцијата во минатото лето. Дотогаш беше негов потпретседател, а во меѓувреме и в.д. претседател. Редовното Генерално Собрание на ФФМ што воедно …

Муамед Сејдини пред промоција во петти претседател на ФФМ Read More »

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат


Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни во претседателската трка се Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Пендаровски, покрај потписите од …

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат Read More »

Уште три дена за потписи: Кон Водно ќе трчаат само тројца


Трката за претседател на државата најверојатно ќе остане на три кандидати, бидејќи мали се шансите на Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река да им се придружи уште некој од заинтересираните за наследник на Ѓорѓе Иванов што собираат потписи. На три дена до крајот на рокот, за Филип Петровски се потпишале 1.288 граѓани, …

Уште три дена за потписи: Кон Водно ќе трчаат само тројца Read More »

Силјановска и Пендаровски се поздравуваат преку Заев и Груевски


„Зборуваат за демократија и процедури, а кандидатот го избраа во хотел по што само ќе го потврдат на партискиот конгрес. Претходно објавија оглас на кој се пријавија луѓе кои воопшто немаа шанса да бидат избрани“, прокоментира професорката Гордана Силјановска-Давкова откако дозна дека конкурент на изборите за претседател на државата ќе ѝ биде колегата Стево Пендаровски. …

Силјановска и Пендаровски се поздравуваат преку Заев и Груевски Read More »

Хилари Клинтон нема да учествува на претседателските избори во 2020 година


САД- Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен. Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година. Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива …

Хилари Клинтон нема да учествува на претседателските избори во 2020 година Read More »

Проруската партија на претседателот Додон победи на изборите во Молдавија


Проруската левичарска Партија на социјалистите (ПС) на молдавскиот претседател Игор Додон освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Молдавија. Според се уште неофицијалните изборни резултати, ПС освоила 31,3 отсто од гласовите, пред опозицискиот блок на центристичката популистичка Партија на платформата за достоинство и правда (ППДА) и либералната Партија за акција и солидарност (ПАС) со …

Проруската партија на претседателот Додон победи на изборите во Молдавија Read More »

Кабинет на Иванов: Покана добивме откако заврши настанот


Од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов ја демантираат владата дека добиле уредна покана да присуствуваат на денешната церемонија за подигање на знамето на НАТО. „Поканата за присуство на претседателот Иванов ја добивме откако настанот заврши“, тврдат соработниците на Иванов за „Независен весник“. На „Илинденска“ ги немаше ниту лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети …

Кабинет на Иванов: Покана добивме откако заврши настанот Read More »

Почина поранешниот претседател на Авганистан, Сибгатула Муџадеди


Сибгатула Муџадеди, првиот претседател на Авганистан по повлекувањето на советската армија од земјата и колапсот на комунистичката влада во Кабул, почина на 93 години. – Муџадеди почина во текот на ноќта во Кабул, изјави неговиот некогашен портпарол Шарид Јусуфи. Во текот на десетгодишната инвазија на тогашниот Советскиот Сојуз, што заврши 1989 година, Муџадеди  ја предводеше најмалата …

Почина поранешниот претседател на Авганистан, Сибгатула Муџадеди Read More »

Ахмети остава отворена врата за консензуален претседател со СДСМ


Лидерот на ДУИ Али Аџмети, по средбата со премиерот Зоран Заев, изјави дека е подготвен на тоа да се договори со Заев да излезат со консензуален кандидат заедно со СДСМ, пренесува Алсат-М. „Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам …

Ахмети остава отворена врата за консензуален претседател со СДСМ Read More »

Претседателската трка може да почне


Претседателот на парламентот Талат Џафери денеска доцна попладне, како што е најавено, треба да ги распише шестите претседателски избори, по што почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, за што ДИК треба да донесе роковник. Првиот круг, според најавите, треба да се одржи на 21 април, а втората и одлучувачка рунда на 5 …

Претседателската трка може да почне Read More »

(ВИДЕО) Силјановска се обрати до јавноста за нејзината кандидатура


Професорката Гордана Силјановска-Давкова, преку нејзиниот профил на Јутјуб, се обрати по повод кандидатурата за претседател на државата, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. „Ја барам поддршката од сите граѓани на Република Македонија, од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во …

(ВИДЕО) Силјановска се обрати до јавноста за нејзината кандидатура Read More »

Директорот на Дрисла се кандидира за претседател


Директорот на скопската депонија „Дрисла“, Горан Ангелов е меѓу деветмината кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен градоначалник на Виница во два мандати, а поради успешноста и ефикасноста, беше назначен и за претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Директно учествуваше со започнувањето на во процесот на децентрализација. …

Директорот на Дрисла се кандидира за претседател Read More »

Димитров: Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата


Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата, порача вечерва во 24 Отворено, министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој вели дека процесиот избор на кандидат се наоѓа во процес на консулатции, преговори, а се проверува и мислењето на граѓаните на анкети. „Тоа што се споменува моето име како можен кандидат за …

Димитров: Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата Read More »

Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко денеска најави дека ќе се кандидира за претседател на Украина на претстојните претседателски избори во земјата. Во обраќање на Конгресот на нејзината конзервативна партија Сеукрански сојуз „Татковина“ (Баткившчина) во Киев, Тимошенко вети дека ако биде избрана за украински претседател „ќе ја поврати контролата“ на Украина над Крим и сепаратистичките реони …

Јулија Тимошенко најави кандидатура за претседател на Украина Read More »