Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица 


Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење …

Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица  Read More »

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум


Во рамки на стратешките активности за континуирано материјално-техничко подобрување и инвестиции во инфраструктурните капацитети на македонската полиција, кои ги зацрта актуелното раководство на МВР на чело со министерот Оливер Спасовски, во моментот забрзано се работи на осум полициски објекти, 69 се досега целосно реконструирани, а планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната …

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум Read More »

Голема полициска акција во кумановско Диво насеље


Полициска акција се одвива како на филм, известува ТВ Алсат, а опколена е куќа во кумановската населба Диво Насеље. Специјалната полициска единица  спроведува голема полициска акција, а повеќе детали се очекуваат подоцна. Неофицијално, Алсат дознава дека се работи за наркотици, а единствено што се знае дека полицијата опколила куќа од сите страни.

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава


Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера во  периодот од 18:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани се 248 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. -Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на …

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава Read More »

Ќе има нови возила за оперативно работење на полицијата, а не да се возат министри, заменици, директори…


Ова е прва година во која бараме поголеми финансиски средства предвидени во Буџетот за набавка на возила и на мебел, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата од страна на опозицијата за набавка на нови возила и на мебел за потребите на МВР. Последната голема набавка, …

Ќе има нови возила за оперативно работење на полицијата, а не да се возат министри, заменици, директори… Read More »

Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина фатени на „ноќен радар“


Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина биле откриени со „ноќен радар“ соопштија денеска од СВР Куманово. – Вчера на територијата на општина Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои пет биле …

Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина фатени на „ноќен радар“ Read More »

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна 


Одделението за внатрешни работи Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С. К. (24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик. …

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна  Read More »

Спасовски во посета на Полициската станица во Пробиштип


Актуелната безбедносна состојба е мирна и стабилна без никакви индикации за нарушување на безбедноста во овој регион, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Пробиштип.  Министерот Спасовски забележа дека има подобрувања во сите параметри на работењето и во делот на намалувањето на кривичните дела и откривачката …

Спасовски во посета на Полициската станица во Пробиштип Read More »

Повредени двајца полицајци откако во нив удрило „ауди“


При обид да биде сопрено, патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кај клучка Тремник во близина на Неготино удрило во двајца полициски службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници, ноќеска 25 минути по полноќ, се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранди. Од МВР додаваат дека откако возилото …

Повредени двајца полицајци откако во нив удрило „ауди“ Read More »

Затворени неколку угостителски објекти – не издавале фискални сметки, имале гости без сертификат


Во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат денеска околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење …

Затворени неколку угостителски објекти – не издавале фискални сметки, имале гости без сертификат Read More »

Полицијата не запира: Уште двесте возачи казнети во Скопје


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 часот до полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се …

Полицијата не запира: Уште двесте возачи казнети во Скопје Read More »

Низ Скопје како по писта: Над 170 возачи казнети за алкохол, брзо возење…


Повеќе од 170 возачи се казнети на скопските улици поради разни прекршувања на законот. Во акцијата на полицијата реализирана вчера од шест часот наутро до полноќ, санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог. Кај 32 возачи …

Низ Скопје како по писта: Над 170 возачи казнети за алкохол, брзо возење… Read More »

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол


Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол. Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Голф“ со битолски ознаки и џип „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички. Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути. Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата. Полицијата, како …

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол Read More »

Санкционирани 23 возачи кои користеле мобилен


Во Скопје и во околината вчера се случиле девет сообраќајни несреќи, во кои три лица се тешко повредени, а други две полесно. Од сообраќај биле исклучени 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, седум други биле пијани, 13 немале возачка дозвола, информираа денеска од СВР Скопје. Исто така, 16 возила кои не …

Санкционирани 23 возачи кои користеле мобилен Read More »

Дури 187 возачи исклучени од сообраќај за брзо возење за празничниот викенд


Во текот на изминатите четири дена во Скопје и околината се регистрирани 187 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак. Се случиле вкупно 37 сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле 13, а тешко повредени биле три лица. Исклучени од сообраќај, како што соопштија денеска од СВР Скопје …

Дури 187 возачи исклучени од сообраќај за брзо возење за празничниот викенд Read More »

По празничниот викенд се очекуваат гужви по патиштата, полицијата ќе го регулира сообраќајот низ гостиварско


Граѓаните кои по празничниот викенд ќе се враќаат од туристичките центри треба да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, апелираат од СВР Тетово. На западната магистрала се очекува да има и регулација на сообраќајот со сообраќајни полицајци на повеќе точки. Според согледувањата на наплатнaтa станица Гостивар на автопатот Тетово-Гостивар, овие два …

По празничниот викенд се очекуваат гужви по патиштата, полицијата ќе го регулира сообраќајот низ гостиварско Read More »

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Пет лица се полесно повредени во четири од вкупно 13 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во девет од сообраќајките била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 63 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство …

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Во Скопје изминатиот викенд 28 сообраќајки, четворица потешко повредени


На подрачјето на Град Скопје изминатиот викенд се случиле 28 сообраќајни незгоди, од кои во 14 има повредени лица, а во 14 е причинета материјална штета. Според билтенот на СВР Скопје, повредени се вкупно 19 лица, од кои четири потешко и 15 полесно. Сообраќајната полиција санкционирала 156 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената …

Во Скопје изминатиот викенд 28 сообраќајки, четворица потешко повредени Read More »

Четири лица тешко повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје


Еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, а 11 лица со лесни телесни повреди во осум од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна незгода е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците …

Четири лица тешко повредени во сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје Read More »

Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Седум лица биле полесно повредени во шест од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во пет од сообраќајките била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 38 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 13 возачи кои го управувале возилото под дејство …

Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »