ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го претвори Скопје во главна депонија во земјата


ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Градот Скопје дозволил сметот од Струга да се депонира во скопската депонија „Дрисла“ и со тоа главниот град го направил главна депонија во земјата. „Градот Скопје станува главна депонија во Македонија во која треба да се слеваат депониите и од другите градови во државата, што е недозволиво и со катастрофално влијание …

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го претвори Скопје во главна депонија во земјата Read More »

Шилегов: Историски ден за Скопје и Атина


  „Ова е историски ден за нашите градови. Го отвораме патот кон меѓусебно приближување. Имаме цел во интерес на нашите сограѓани заеднички да учествуваме во унапредувањето на иднината на градовите внатре во европското семејство. Имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство. Заедно можеме повеќе и заедно ќе стигнеме побрзо до нашата цел …

Шилегов: Историски ден за Скопје и Атина Read More »

Шилегов со Каминис вечераaт на кејот на Вардар


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис се седнати на ресторанот на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар, кој е во сопственост на заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи. Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денеска и утре престојува во посета на Скопје и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе потпишат спогодба за …

Шилегов со Каминис вечераaт на кејот на Вардар Read More »

Шилегов ги избрка античките воини и партизаните од плоштад


Воини, партизани, комити повеќе нема да шетаат низ центарот на Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов одлучи да ја укине т.н. туристичка стража која во 2012 година беше промовирана како дел од кампањата за туристички развој на градот. „Мислам дека немаше ни здраворазумски човек кому таа т.н. туристичка стража не му служеше за потсмев. Скопје не е …

Шилегов ги избрка античките воини и партизаните од плоштад Read More »

Нов филтер на печката за согорување медицински отпад во „Дрисла“


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изјави дека од денеска во функција е новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор) на депонијата „Дрисла“. – Станува збор за филтер којшто е поставен на инсенераторот за согорување на медицински отпад и кој ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксид и други честички кои се ослободуваат при согорувањето. Поставувањето …

Нов филтер на печката за согорување медицински отпад во „Дрисла“ Read More »

Шилегов планира да отвори елитна математичка гимназија


Градоначалникот Петре Шилегов планира да отвори математичка гимназија во Скопје. Ова го најави градоначалникот на последната седница на Советот наменета за советнички прашања одговарајќи на прашање за состојбите во образованието. Гимназијата со насочено образование, би била еден вид расадник на математички умови. „Ја замислувам како елитна математичка гимназија, во смисол елитна каде би имало место …

Шилегов планира да отвори елитна математичка гимназија Read More »

Каминис во петок ќе дојде на гости кај Шилегов


Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во петок ќе дојде во посета на Скопје, соопштија од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Ова ќе биде прва официјална посета на атинскиот градоначалник на Скопје. Практично, Каминис ќе одговори на поканата да го посети нашиот главен град, откако во февруари Шилегов ја посети Атина. Од Кабинетот на скопскиот …

Каминис во петок ќе дојде на гости кај Шилегов Read More »

Скршени фарови и врати: Оштетени автомобилите на Петре Шилегов и неговата сопруга


Оштетени се два автомобили во сопственост на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и неговата сопруга Јасмина Шилегова, дознава Независен весник. Според полициските информации, лицето Ј.Ш. од Скопје (49) синоќа во 23:10 часот од Скопје пријавила дека во периодот од 17:00 до 22:00 часот од страна на непознат сторител, биле оштетени нејзиното патничко моторно возило марка …

Скршени фарови и врати: Оштетени автомобилите на Петре Шилегов и неговата сопруга Read More »

Шилегов ќе раководи и со Асоцијацијата на општините од Југоисточна Европа


Градоначалникот Петре Шилегов е назначен за прв потпретседател на НАЛАС (Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа) за 2018 година, информираат од Град Скопје. Функцијата му е доверена вчера на 13. генерално собрание на НАЛАС што се одржува во Брдо, Словенија, на која учествуваа над 150 претставници од локалните самоуправи и асоцијациите на …

Шилегов ќе раководи и со Асоцијацијата на општините од Југоисточна Европа Read More »

Шилегов: Паркирањето не е социјална категорија


  Не само скопјани, туку и градоначалникот Петре Шилегов не е задоволен од начинот како се решава паркирањето во Скопје. Катни гаражи стопанисувани од неколку субјекти, приватни паркиралишта кои наплаќаат незаконски, две јавни претпријатија, две пајак служби, паркиралишта со зонско паркирање кои се наоѓаат на општинска улица а со кои стопанисува градското претпријатие за паркирање, …

Шилегов: Паркирањето не е социјална категорија Read More »

Шилегов ќе ја доградува Градска куќа за 3 милиони евра


Градоначалникот Петре Шилегов одлучи да ја доградува Градската куќа под Кале. Неодамна со изведувачот „Бетон“ се договорил за дозавршување на објектот да се платат 3 милиони евра, наместо првично утврдените 5 милиони. „Успеавме да постигнеме договор и да ја намалиме цената. Сега, оваа сума е далеку поприфатлива. На администрацијата реално ѝ се потребни нови простории, …

Шилегов ќе ја доградува Градска куќа за 3 милиони евра Read More »

Шилегов се премисли: До Средно Водно ќе се оди и со автомобил


По само пет месеци откако се забрани сообраќај до Средно Водно, градоначалникот Петре Шилегов најави дека до таму сепак ќе може да се оди со автомобил. Во тој случај ќе се наплаќа паркинг 100 денари за првиот час паркирање, а секој нареден ќе биде 50 денари. Ова практично е предвидено со ценовникот во новата зона …

Шилегов се премисли: До Средно Водно ќе се оди и со автомобил Read More »

Шилегов одлучи да го догради мостот без панорамското тркало


Мостот на Вардар на кој што требаше да стои панорамското тркало ќе се доградува, без панорамското тркало и ќе биде пешачки премин. Град Скопје направил нов проект според кој мостот нема барокни елементи и ќе биде поставена проѕирна ограда да се гледа Камен мост. Минатата недела Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот …

Шилегов одлучи да го догради мостот без панорамското тркало Read More »

Зеленилото во Ново Лисиче се поднови со јапонски цреши и украсно јаболко


Реонски центар Аеродром, поточно зеленилото долж булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче од денеска е разубавено со 45 листопадни дрвја, како дел од пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на градот. Претходно посочениот реон од 2.410 квадрати беше комплетно реконструиран. Поставена е нова хидрантска мрежа во должина од 230 метри и нов систем …

Зеленилото во Ново Лисиче се поднови со јапонски цреши и украсно јаболко Read More »

Секое новородено скопјанче ќе добие персонализирано дрво


Секое новоредно бебе во Скопје ќе добие свое дрво во некој од парковите, скверовите, дрворедите…Дрвото на новороденчињата ќе биде посадено во сезонска акција на расположива локација по избор на родителите. Тоа ќе биде персонализирано со плочка на која ќе стои изгравирано името на детето и датумот на раѓање. Оваа идеја на градоначалникот Петре Шилегов, како …

Секое новородено скопјанче ќе добие персонализирано дрво Read More »

И градоначалниците ќе даваат отчет за ручеците и патувањата


И градоначалниците ќе даваат отчет каде и за што ги трошат буџетските средства, или во согласност со реакциите по објавувањето на владината алатка за отчетност – кој колку пиел кафе, кој колку јадел и  колку трошел на патувања.Се очекува за десетина дена Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) да потпише соработка со Владата за …

И градоначалниците ќе даваат отчет за ручеците и патувањата Read More »

(Видео) Нов мост преку Вардар за директна врска помеѓу Аеродром и Гази Баба


Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави дека најдоцна до септември ќе почне да се гради нов мост преку Вардар кој ќе ги поврзува Аеродром и Гази Баба, поточно тој ќе биде директна врска помеѓу булевар „АСНОМ“ кај хотелот Русија, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, се до раскрсницата кај скопското сајмиште. Проценето е дека од Ново Лисиче …

(Видео) Нов мост преку Вардар за директна врска помеѓу Аеродром и Гази Баба Read More »

Шилегов во Париз прима и дели совети за паркирање


Градоначалникот Петре Шилегов е во работна посета на Виена и денеска се сретнал со неговиот колега д-р Михаел Хојпл. На средбата, градоначалниците дискутирале за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Од Град Скопје информираат дека на средбата …

Шилегов во Париз прима и дели совети за паркирање Read More »

Шилегов ќе вработи 8 свои помошници и 60 пожарникари


Градоначалникот Петре Шилегов ќе вработи осум лица во неговиот тим, ова го предвидува програмата за вработувања во 2018 и 2019 година за која утре треба да расправа Советот на Град Скопје. Програмите предвидуваат да се вработат вкупно 133 нови лица, од кои 60 ќе бидат пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита, а останатите административци. Всушност, …

Шилегов ќе вработи 8 свои помошници и 60 пожарникари Read More »

Шилегов во Париз „краде“ искуства за модернизација на Скопје


Градоначалникот Петре Шилегов е во неколкудневна посета на Париз, каде меѓудругото, има средби со француски компании од кои се надева дека ќе добие помош за модернизација на Скопје. „Насочени сме кон обновување на соработката со збратимените градови и градовите од пријателските европски земји. Зајакнувањето на меѓународните односи има големо влијание врз иднината на градот и …

Шилегов во Париз „краде“ искуства за модернизација на Скопје Read More »