Случај „Поштенска банка“: Во Македонија со пари од банка се купува банка


Избледеното сеќавање за Поштенската штедилница го освежи новата истрага на Специјалното јавно обвинителство „Поштенска банка“, случај во кој се осомничени двајца поранешни премиери и познати бизнисмени. Според СЈО, криминалот бил направен уште во 2001 година, а истрагата за него се отвора 17 години подоцна. Незаконските дејствија во овој случај ги покажуваат прислушуваните разговори што ги …

Случај „Поштенска банка“: Во Македонија со пари од банка се купува банка Read More »

Груевски го одложи судењето за да присуствува на историската седница


Судењето за предметот ТНТ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 25 октомври откако Судот го уважи барањето на обвинетиот Никола Груевски да присуствува на седницата во Собранието на Република Македонија на која на дневен ред е предлогот за пристапување кон уставни измени. Пред почетокот на денешното рочиште, Груевски од Судот побара да му биде …

Груевски го одложи судењето за да присуствува на историската седница Read More »

Фетаи до Груевски: Многу сте расположени како за некој на кој му се ближи времето


Кавга меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи на денешното рочиште за „шамарите во општина Центар“. Дофрлањата меѓу двајцата почнаа кога груевски искоментира дека обвинителката Фатиме Фетаи зборувала без да добие право на збор. Судијата рече дека таа е обвинител и може да зборува во оваа фаза. На тоа …

Фетаи до Груевски: Многу сте расположени како за некој на кој му се ближи времето Read More »

Груевски задоцни на судење, Фетаи бараше да го приведат


Судијата Душко Јосифов кој го води судењето за „шамарите во општина Центар“ ја раздвои постапката за обвинетиот Митко Пецов кој денеска по втор пат не се појави на рочиште. Неговите адвокати доставија потврда од доктор специјалист за скршеница на десеттиот пршлен по што му е укажано да мирува, а домот да го напушти само доколку …

Груевски задоцни на судење, Фетаи бараше да го приведат Read More »

СДСМ: Мицкоски му врти грб на целиот свет за да го спаси Груевски


Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски. Од Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција, реагираше пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, по денешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Според Костадинов, Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му …

СДСМ: Мицкоски му врти грб на целиот свет за да го спаси Груевски Read More »

Груевски сѐ поблиску до затвор


Поранешниот премиер Никола Груевски вчера ја дозна потврдата за пресудата од две години затвор во судница, додека ги слушаше необјавените прислушувани разговори за изборните манипулации од 2013 година, за коишто е обвинет тој и неговите први соработници. По еден месец, Апелацискиот суд донесе одлука и ги отфрли жалбите што ги поднесеа Груевски и неговите бранители …

Груевски сѐ поблиску до затвор Read More »

Груевски: Пресудата на Апелација е „политички притисок и политички прогон“


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја оцени како „политички притисок и политички прогон“ одлуката на Апелацискиот суд да му ја потврди првостепената затворска пресуда за случајот „Тенк“. – Како што знаете станува збор за политички прогон, за политички монтиран процес што се тера. Единствено нешто што се промени од мојата прес-конференција во …

Груевски: Пресудата на Апелација е „политички притисок и политички прогон“ Read More »

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор


По денешната информација дека Апелацискиот суд во Скопје делумно ја уважил жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на СЈО, а во целост ја потврдил казната на второбвинетиот Никола Груевски, Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем. „Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – …

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор Read More »

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски


Апелациониот суд ја потврди затворската казна за поранешниот премиер Никола Груевски, со што пресудата со која е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ односно набавката на луксузниот мерцедес станува правосилна. „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители судот ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди …

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски Read More »

Апелација може да одлучува за Груевски до недоглед


Една седмица откако заврши јавната седница, Апелацискиот суд уште не одлучил дали поранешниот премиер Никола Груевски, кој за набавката на луксузниот мерцедес е осуден на две години затвор, ќе заврши зад решетки, предметот ќе го врати на повторно судење пред Кривичниот суд или ќе ја преиначи затворската казна. Вчера еден од членовите на Судечкиот совет …

Апелација може да одлучува за Груевски до недоглед Read More »

Груевски доби уште еден ден за „Тенк“


Апелацискиот суд во Скопје ја одложи за еден ден расправата по жалбата на првостепената пресуда за случајот „Тенк“, за кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор, а помошникот министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години. Причина за одложувањето на расправата беше неприсуството на Груевски, како и на неговите четворица адвокати. …

Груевски доби уште еден ден за „Тенк“ Read More »

Груевски или во затвор или ќе му застари делото


Луксузниот „мерцедес“, што го набави претходната власт по нарачка на поранешниот премиер Никола Груевски, на крајот на месецов повторно „влегува“ во судница. Апелацискиот суд закажа јавна седница на 30 и 31 август на која ќе се расправа за жалбите на одбраната на Груевски на пресудата. Судијката Добрила Кацарска пред неколку месеци го осуди Груевски на …

Груевски или во затвор или ќе му застари делото Read More »

Само Груевски ќе биде обезбедуван на државна сметка


Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, по судската ферија, во судот ќе треба да доаѓа сам. Пред судницата веќе нема да го чекаат неговите телохранители, а пред судот нема да го чекаат затемнетите возила кои му ги определи Министерството за внатрешни работи откако беше сменет од директорската позиција По повеќе од …

Само Груевски ќе биде обезбедуван на државна сметка Read More »

Сослушани тројца сведоци во случајот „Насилство во Центар“


Тројца поранешни советници во општина Центар денеска беа сослушани како сведоци во предметот „Насилство во Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица. Тројцата сведоци, кои тогаш биле советници во општина Центар од редовите на СДСМ, …

Сослушани тројца сведоци во случајот „Насилство во Центар“ Read More »

Како Груевски стана доктор на науки


Поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски, стана доктор на науки. Докторската дисертација на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“  во осум поглавја и распослана на повеќе од 300 страници околу еден час ја образложуваше пред присутните членови од семејството, двете ќерки, мајка му Нада Груевска, …

Како Груевски стана доктор на науки Read More »

На Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство


Судечкиот совет со кој претседава судијката Џенета Бектовиќ на денешното рочиште за случајот „Трезор“ донесе решение на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, со оглед дека Врховниот суд во Атина донел одлука против екстрадиција на обвинетиот и со истата е прекинат неговиот притвор и е пуштен на слобода. Во контекст на тоа …

На Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство Read More »

Доктор Груевски


Никола Груевски не е веќе премиер ниту лидер на ВМРО-ДПМНЕ… По долгогодишниот стаж на „Илинденска“, му остана само уште пратеничката функција, која не баш редовно ја извршува – освен кога треба да му ја истури чашата со вода на спикерот Талат Џафери или да одржи говор против Владата на Зоран Заев. Неговите пратенички отсуства се …

Доктор Груевски Read More »

Случај „Траекторија“: Во судницата пуштени 30-ина „бомби“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30-ина „бомби“ од разговорите за договарање како да се спроведат правните процедури со кинеските компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид во периодот јануари 2013 година. Во разговорите најмногу се слушаа разговорите на поранешниот …

Случај „Траекторија“: Во судницата пуштени 30-ина „бомби“ Read More »

Докторатот на Груевски на 313 страници, го пријавил додека бил премиер


На 313 страници, според информации на „Независен весник“, го напишал поранешниот премиер Никола Груевски својот докторски труд, што треба да го брани на 6 јули. Како што дознаваме, Груевски го пријавил докторатот пред четири-пет години, што значи додека бил сѐ уште на премиерската функција, а кога неговиот ментор, професорот Михаил Петковски, му беше советник по …

Докторатот на Груевски на 313 страници, го пријавил додека бил премиер Read More »

Продолжува судењето за „насилство во Центар“


Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ на СЈО е закажано за денеска во Кривичниот суд. Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров …

Продолжува судењето за „насилство во Центар“ Read More »