Силно невреме го зафати Рим: Врнежи од дожд и силен ветер (видео)


Силно невреме вчера ја погоди италијанската престолнина Рим. Меѓу најзагрозените населби се оние на северозападот на Рим, од Камилучија до Трионфало, каде што некои луѓе останаа заробени во автомобили. Тие мораше да бидат спасени од пожарникарите. Врнежи од дожд и силен ветер се забележани и во Тор Бела Монака, Корнелија, Париоли, Саларио, Остија, Понте Галерија, …

Силно невреме го зафати Рим: Врнежи од дожд и силен ветер (видео) Read More »

Невреме во Велика Британија, Франција и Данска: Двајца загинати во Шкотска


Делови од источна Шкотска во петокот беа погодени од силни поплави откако бурата Бабет донесе пороен дожд и ветрови со брзина од 113 километри на час, а предупредувања за поплави и бури беа издадени во јужна Франција и Данска. Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за прв пат од февруари 2020 година, предвидувајќи дека во …

Невреме во Велика Британија, Франција и Данска: Двајца загинати во Шкотска Read More »

Бура ја зафати Германија – најсилна во последните 20 години


Делови од Германија беа зафатени од силно невреме, а надлежните служби предупредуваат дека состојбата вечерва ќе биде уште полоша. Бурниот ветер во петокот стигна до Шлезвиг-Холштајн, додека во тој северен регион на земјата се очекуваат ветрови со урагански сили. Беа упатени голем број предупредувања до населението.  „Во Шлезвиг-Холштајн на хоризонтот е една од најлошите бури …

Бура ја зафати Германија – најсилна во последните 20 години Read More »

Невреме ги зафати Хрватска, БиХ и Србија – улиците се поплавени (фото/видео)


Попладнево, повеќе земји од регионот се зафатени од силно невреме со грмотевици, град, силен ветар и обилни количини дожд. Прв на удар беше Сплит во Хрватска, каде поради големото количество дожд кој наврна во кусо време, беа поплавени улиците. Најмногу дожд наврна во Шибеник, каде се измерени 107 литри на метар квадратен. Невремето со грмотевици …

Невреме ги зафати Хрватска, БиХ и Србија – улиците се поплавени (фото/видео) Read More »

Пороен дожд, грмежи и локално невреме во недела и во понеделник


Под влијание на влажен бран в недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 30 …

Пороен дожд, грмежи и локално невреме во недела и во понеделник Read More »

Силно невреме ги погоди Шпанија и Италија – има големи штети (видео)


Силно невреме во неделата го зафати југот на Европа и предизвика голема материјална штета.   Во Шпанија силен ветер и обилни дождови го погодија пристаништето Палма на островот Мајорка. Невремето, кое избувна во неделата наутро, собори бројни дрвја, предизвика поплави и ја оштети коридата во градот Феланикс. Поради невремето со грмотевици, сообраќајот е во прекин …

Силно невреме ги погоди Шпанија и Италија – има големи штети (видео) Read More »

Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада


Силно невреме во Мичиген со моќни ветришта со брзина и до 120 километри на час уриваше денеска дрвја, откорна покриви на куќи и уби пет лица додека стотици илјади останаа без струја, изјавија властите на сојузната држава.  Националната метереолошка служба денескa изјави дека штетите од невремето се предизвикани од неколку торнада. Во Британска Колумбија, најзападната …

Пет лица загинаа во невреме во Мичиген, огнени торнада во Канада Read More »

Невремето направи хаос во Скандинавските земји: Евакуирани повеќе од 600 луѓе во близина на Осло


  Повеќе од 600 луѓе се евакуирани во регионот северно од Осло по силниот дожд што предизвика лизгање на земјиштето низ планинскиот дел на јужна Норвешка.   Норвешката управа за водни ресурси издаде црвен метеоролошки аларм за поплави и лизгање на земјиштето во делови од јужна Норвешка. Норвешката метеоролошка агенција издаде предупредување на највисоко ниво …

Невремето направи хаос во Скандинавските земји: Евакуирани повеќе од 600 луѓе во близина на Осло Read More »

Двајца загинати во невремето на истокот на САД, илјадници жители без струја


Поголемиот дел од источниот дел на САД во понеделникот беше погоден од силно невреме, во кое загинаа најмалку две лица, стотици илјади останаа без струја, а илјадници летови беа откажани или одложени. Милиони луѓе беа под предупредувања за тешки временски услови, вклучително и можност за торнада, бидејќи дожд, силен ветер и град го погодија речиси …

Двајца загинати во невремето на истокот на САД, илјадници жители без струја Read More »

Невреме во Скопје: Општините на располагање за интервенции


Невреме го зафати и Скопје и Скопската Котлина. Силен дожд и ветер го погодија потесното градско подрачје. Од различни локации од Скопје стигнуваат првите информации за паднати дрвја и штети од невремето. Засега кај надлежните нема пријавено штети иако штети има и допрва ќе се утврдува колку. Општинските служби преку социјалните мрежи информираа дека активно работат за санирање …

Невреме во Скопје: Општините на располагање за интервенции Read More »

Најавеното невреме почна од Охрид, Ресен и оди кон Кичево


Најавеното невреме од запад, навлезе на територија на Македонија. Како што веќе најавивме, ќе бидат зафатени западните и север-западните делови од Македонија. Во овие моменти јужно од Кичево нестабилност проследена со пороен дожд. „Јужно од Кичево нестабилност со можна појава на поројни врнежи од дожд и појава на град ,правец на движење е кон Кичево“, …

Најавеното невреме почна од Охрид, Ресен и оди кон Кичево Read More »

Словенечкиот премиер: Ова е најтешката катастрофа во историјата на Словенија


Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека невремето што ја погоди земјата еден ден претходно, најголемата природна катастрофа во историјата на Словенија, погоди две третини од земјата и дека штетата најверојатно ќе надмине 500 милиони евра, пренесува СТА. Напорите да се врати животот во нормала ќе бидат големи, изјави Голоб по состанокот на Советот за национална …

Словенечкиот премиер: Ова е најтешката катастрофа во историјата на Словенија Read More »

Неверојатна снимка од Германија: Поради силниот град улиците се чистат со механизација


Силно невреме го погоди германскиот град Ројтлинген во провинцијата Баден-Виртемберг, каде за краток временски период паднаа над 30 сантиметри град, поради што теренот мораше да се чисти со собирачи за снег. Во комбинација со лисја и отпад, парчиња мраз ги блокираа одводните цевки, кои поплавија гаражи, подруми и станбени згради, јавуваат локалните медиуми. Нивото на …

Неверојатна снимка од Германија: Поради силниот град улиците се чистат со механизација Read More »

Грција се подготвува за невремето „Петар“, граѓаните во три региони се предупредени


Порака од бројот 112 за итни случаи со предупредување за силно невреме, претпладнево добија сите оние кои се наоѓаат во грчките области Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови, поради невремето „Петар“ што денеска се очекува да го зафати западниот и северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  Поради невремето што ќе донесе обилни …

Грција се подготвува за невремето „Петар“, граѓаните во три региони се предупредени Read More »

Македонија нема да ја зафати невреме како на северозападот на Балканскиот Полуостров


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови …

Македонија нема да ја зафати невреме како на северозападот на Балканскиот Полуостров Read More »

Во поплавите во областа на Пекинг досега загинаа најмалку 20 луѓе


Најмалку 20 лица загинаа во областа на кинескиот главен град Пекинг и соседната провинција Хебеј по невообичаено обилните врнежи предизвикани од тајфунот Доксури, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Кинеските државни медиуми денеска објавија дека е потврдена смртта на 11 лица во Пекинг и уште девет во Хебеј. Поројните дождови се последица на тајфунот …

Во поплавите во областа на Пекинг досега загинаа најмалку 20 луѓе Read More »

Невреме проследено со град, врнежи и ветер ги зафати селата од општина Старо Нагоричане


Невреме проследено со град, силен ветер и интезивни врнежи вчера ги зафати и селата од општина Старо Нагоричане, Канарево, Цвиланце, Бајловце, Брешко, Аљинце и други, соопштија денеска надлежните. – РЦУК Куманово во 21:02 часот до ЦУК ја достави информацијата дека околу 16:10 до 16:30 часот на подрачје во општина Старо Нагоричане во повеќе села имало …

Невреме проследено со град, врнежи и ветер ги зафати селата од општина Старо Нагоричане Read More »

(Видео) Грција во црвено – пожари, невреме и земјотрес на Крит


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит. Eпицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори, a е регистриран на длабочина од 8,4 километри. Бил почувствуван и во околните места. Инаку, Грција се соочува со повеќе природни карастрофи. Состојбата е во црвено. Со денови е …

(Видео) Грција во црвено – пожари, невреме и земјотрес на Крит Read More »

Град со големина на голф топче во Чачак, ново итно предупредување за Србија


Дел од Србија попладнево е зафатен од силно невреме. Настрадаа Чачак, Трстеник, Краљево околните села. На социјалните медиуми се споделуваат видеа и фотографии од силното невреме кое донесе силен ветар, обилен дожд и град. Во Чачак паѓал град околу 15 минути, со големина на голф топче. Најголема штета има на земјоделските култури.       …

Град со големина на голф топче во Чачак, ново итно предупредување за Србија Read More »

Предупредување за цела Словенија и поголем дел од Хрватска, се очекува ново невреме


Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме за целата на Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и гром. Денеска, околу 10 часот, ДХМЗ објави портокалово предупредување за невреме со грмотевици за речиси цела Хрватска. Исклучок се …

Предупредување за цела Словенија и поголем дел од Хрватска, се очекува ново невреме Read More »