Петровска: Покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, овојпат со Португалија


Денеска е важен ден за нашите министерства и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска, на денешната прес-конференција по …

Петровска: Покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, овојпат со Португалија Read More »

(Видео) НАТО со честитка за Денот на независноста: „Да прославиме заедно“


НАТО Алијансата упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „Ретвитнете за да се приклучите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста“, се вели во објавата на официјалниот профил на НАТО на платформата „Х“. Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 #NorthMacedonia on #IndependenceDay 🤝 @MKmissionNATO #WeAreNATO …

(Видео) НАТО со честитка за Денот на независноста: „Да прославиме заедно“ Read More »

Сенатот сака да го одземе правото на американските претседатели за повлекување на САД од НАТО


Американскиот Сенат синоќа гласаше за вклучување на амандман во законот за трошоци за одбрана за 2024 година според кој претседателот на САД ќе го изгуби правото за унилатерална одлука за повлекување на САД од НАТО.  Двајца американски сенатори, демократот од Вирџинија Тим Кејн и републиканецот од Флорида Марко Рубио, се креатори на оваа легислатива, а …

Сенатот сака да го одземе правото на американските претседатели за повлекување на САД од НАТО Read More »

Ердоган попушти – се согласи Шведска да влезе во НАТО


  Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во понеделникот изјави дека Турција се согласила да ја поддржи кандидатурата на Шведска да се приклучи на воената алијанса. Најавата доаѓа во пресрет на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, и претставува неверојатен пресврт на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој претходно во понеделникот предложи Шведска да се приклучи …

Ердоган попушти – се согласи Шведска да влезе во НАТО Read More »

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО


 Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО. – Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде …

Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО Read More »

Гран: Безбедносното опкружување на НАТО бара долгорочно одржување на трошоците за одбраната


Состојбата со безбедноста во соседството на територијата на земјите на НАТО по руската анексија на Крим во 2014-та, а особено по инвазијата на Русија врз Украина во февруари минатата година го актуелизира прашањето за споделување на товарот на трошоците меѓу членките на Алијансата.  Како што наведува соработникот на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) и …

Гран: Безбедносното опкружување на НАТО бара долгорочно одржување на трошоците за одбраната Read More »

На Столтенберг денеска ќе му биде продолжен мандатот во НАТО уште една година, велат дипломати


Двајца американски и двајца европски дипломати изјавија дека земјите членки на НАТО се очекува денеска да му го продолжат мандатот за уште година дена на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, јавија дел од американските медиуми. За одлуката се соопштуваше изминатите недели, но се очекува амбасадорите на НАТО официјално да го утврдат продолжениот мандат на …

На Столтенберг денеска ќе му биде продолжен мандатот во НАТО уште една година, велат дипломати Read More »

Монд: Франција одлучи да го поддржи пристапот на Украина во НАТО


Франција е решена да го поддржи приемот на Украина во НАТО со цел да го зголеми притисокот врз Русија додека украинската контраофанзива е во тешкотии, објави денеска парискиот весник „Монд“. Пред годишниот самит на НАТО на 11 и 12 јули во Вилнус, „Франција, во разговорите со сојузниците на Украина, го фаворизира пристапот дека треба да …

Монд: Франција одлучи да го поддржи пристапот на Украина во НАТО Read More »

Формиран НАТО Центар за заштита на подморската инфраструктура


 Во Нортвуд, северозападен Лондон денеска НАТО го отвори новиот Центар за заштита на подморските цевководи и кабли. – Заканата се развива. Руските бродови активно ја мапираат нашата клучна подводна инфраструктура. Постои зголемена загриженост дека Русија би можела да ги таргетира подморските кабли и другата клучна инфраструктура во обид да го наруши животот на Запад, изјави …

Формиран НАТО Центар за заштита на подморската инфраструктура Read More »

Поделби во НАТО околу изборот на нов генерален секретар


  Прашањето за избор на нов генерален секретар на НАТО во време кога западната воена алијанса се соочува со бројни предизвици предизвика поделби во Алијансата, бидејќи членките од Источна Европа сакаат наследникот на Јенс Столтенберг да биде од тој регион, кој доби особено значење со руската инвазија врз Украина, го пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) …

Поделби во НАТО околу изборот на нов генерален секретар Read More »

Шведска ќе дозволи распоредување на војници на НАТО и пред таа да стане членка на Алијансата


Шведска ќе му дозволи на НАТО да распореди војници на нејзина територија дури и пред официјално да се приклучи на Алијансата, изјавија денеска премиерот Улф Кристерсон и министерот за одбрана Пал Јонсон. Минатата година Шведска поднесе барање за влез во НАТО поради рускиот напад врз Украина, но Турција и Унгарија го одложија нејзиниот прием. „Владата …

Шведска ќе дозволи распоредување на војници на НАТО и пред таа да стане членка на Алијансата Read More »

Источното крило на НАТО очекува унапредување на врските со Украина до самитот во Вилнус


Земјите од источното крило на НАТО очекуваат самитот на Алијансата во Вилнус во јули да ја стави Украина на појасен пат кон членство откако ќе заврши војната со Русија, беше објавено синоќа на самитот на источните членки во Братислава, пренесе Хина. Сојузниците на НАТО се расправаат за брзината на евентуалниот пристап на Украина во НАТО, …

Источното крило на НАТО очекува унапредување на врските со Украина до самитот во Вилнус Read More »

Столтенберг ќе испрати 700 војници на Косово


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во Осло дека ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово. Поради конфликтот што ескалира на почетокот на неделава на Косово, НАТО ќе одговори со испраќање 700 војници. Ова го потврди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во изјава во Осло, пренесува турската новинска агенција „Анадолија“. Според него, на …

Столтенберг ќе испрати 700 војници на Косово Read More »

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово


НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата во кои беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од алијансата. „Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со …

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово Read More »

НАТО го осуди неиспровоцираниот напад врз мировните трупи на Косово


НАТО остро го осуди неиспровоцираниот напад во кој беа повредени најмалку триесетина мировници – иако медиумите шпекулираат со бројка од околу 41 војник- кои се справуваа со демонстрантите во Косово во понеделникот, додека тензиите се разгоруваат во оваа балканска држава. „Додека се спротивставуваа на најактивните делови на толпата, неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент …

НАТО го осуди неиспровоцираниот напад врз мировните трупи на Косово Read More »

Јапонскиот премиер: Нема да влеземе во НАТО


Јапонскиот премиер Фумио Кишида во средата изјави дека неговата земја не планира да стане членка на НАТО, но додаде дека е запознаен со плановите за отворање канцеларија за врски во Јапонија. Кишида ги даде коментарите откако јапонскиот амбасадор во Соединетите држави претходно овој месец рече дека воениот пакт предводен од САД планира да отвори канцеларија …

Јапонскиот премиер: Нема да влеземе во НАТО Read More »

Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време


Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно овој месец изјави дека сите членки на Алијансата се согласиле да го пречекаат Киев, но само ако и кога ќе ја …

Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време Read More »

Украина се приклучи Центарот на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE)


Украина официјално се приклучи на Центарот за извонредност на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE), со седиште во Естонија. „Денеска, националното знаме на Украина беше официјално подигнато во седиштето на Кооперативниот центар на НАТО за извонредност за кибер-одбрана во Талин, со што се означи официјалното пристапување на Украина во ЦЕК на НАТО за …

Украина се приклучи Центарот на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE) Read More »

Столтенберг: Украина ќе влезе во НАТО, но прашање е кога


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласни Украина да стане членка, но прашање е кога тоа ќе се случи. – Прво, сите сојузници се согласни дека Украина ќе стане членка на НАТО. Сите тие се согласуваат дека Украина има право да го избере својот пат и дека …

Столтенберг: Украина ќе влезе во НАТО, но прашање е кога Read More »

Кремљ: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО


Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море, таму мора да има неделива безбедност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. „Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО. Тоа е заедничко море на сите приморски држави и треба да биде море на соработка, интеракција и безбедност. Во …

Кремљ: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО Read More »