Министерство за здравство потврди – на скопска гинекологија починаа 35 бебиња за три месеци


Вo првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март 2018 година спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња, соопштија од Министерството за здравство. -Истакнуваме дека само едно од починатите …

Министерство за здравство потврди – на скопска гинекологија починаа 35 бебиња за три месеци Read More »

Странски лекари ќе прават неврохируршки операции кај нас


Mинистерството за здравство ќе ангажира неколку врвни странски лекари од медицински центри од Италија, Швајцарија, Германија, Турција, Србија и од други земји за заедно со нашите лекари да прават операции од областа на болестите на мозокот. Проектот ќе се спроведува во соработка со Клиниката за неврохирургија. Целта е поголема превенција бидејќи мозочниот удар и болестите …

Странски лекари ќе прават неврохируршки операции кај нас Read More »

Филипче контра Кедев: Клиниката за кардиологија е безбедна за пациентите


Mинистерство за здравство ја гарантира безбедноста на пациентите во процесот на лекување и третман на сите нивоа на здравствени услуги, велат од Министерството за здравство откако кардиологот д-р Сашко Кедев обвини дека Клиниката за кардиологија не е во состојба да гарантира безбедно лекување на пациентите. Кедев е поранешен директор на оваа Клиника. -Потенцираме дека на …

Филипче контра Кедев: Клиниката за кардиологија е безбедна за пациентите Read More »

Секој ден е борба: Луѓето со ретки болести талкаат по дијагноза и чекаат нови лекови


Навремена дијагноза, повеќе и подобри лекови бараат пациентите со ретки болести во пресрет на денешниот 28 февруари, Денот на ретки болести. Со нив се соочуваат околу 400 пациенти од Македонија. Станува збор за комплицирани, најчесто генетски болести, кои бавно и тешко се откриваат. Од осум илјади регистрирани ретки болести, колку што има во светот, само …

Секој ден е борба: Луѓето со ретки болести талкаат по дијагноза и чекаат нови лекови Read More »

Се монтира акцелератор за болните од рак „заборавен“ во подрумот на битолската болница


Клиничка болница во Битола денеска почна да инсталира акцелератор за терапија на лица заболени од канцер и се очекува тој да биде во функција за неколку месеци. Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски денеска ја посети болницата при што изјави дека акцелераторот необјасниво долго бил во визбите на таа јавна здравствена установа, но со денешниот почеток …

Се монтира акцелератор за болните од рак „заборавен“ во подрумот на битолската болница Read More »

МЗ со проект за превентивни прегледи за рана дијагноза на деформитети на ′рбет кај деца


Министерството за здравство во соработка со Институтот за физикална медицина и рехабилитација и општините Карпош и Центар почна со реализација на заеднички проект за промоција на превентивна физичка активност кај деца со лошо држење на ‘рбет. Во рамки на проектот, како што објави Министерството на својата веб страница, се предвидени прегледи на ′рбет кај децата …

МЗ со проект за превентивни прегледи за рана дијагноза на деформитети на ′рбет кај деца Read More »

Паралелниот увоз на лекови следната недела се враќа во процедура


Најдоцна до следната недела предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства ќе биде вратен во процедура, откако Министерството за здравство ненадејно го повлече неколку минути пред почетокот на седницата на надлежната собраниска комисија. Овој предлог требаше да го регулира паралелниот увоз на лекови, по сомнежите дека во земјава се увезувале …

Паралелниот увоз на лекови следната недела се враќа во процедура Read More »

Филипче: Експерти од ЕУ ќе обучуваат лекари во Македонија


Бараме партнер, универзитетска болница од ЕУ, со цел експерти, посебно за работи коишто не се изведуваат кај нас, да пратат доктори кои во Македонија ќе ги тренираат нашите лекари, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во таа насока веќе е разговарано со Министерството за здравство од Бугарија, а, …

Филипче: Експерти од ЕУ ќе обучуваат лекари во Македонија Read More »

Филипче избра шеф на Кабинетот, правничка и пи-ар


Министерот за здравство, Венко Филипче, го комплетирал својот кабинет. Шеф на кабинетот ќе биде Дејан Блажески, кој дипломирал на  Економскиот факултет во Скопје и е магистер за јавни здравствени системи. Тој претходно бил портпарол на централниот штаб на Либерално демократската партија во Охрид. Во кабинетот на новиот министер е и Билјана Танеска, која ќе биде …

Филипче избра шеф на Кабинетот, правничка и пи-ар Read More »

Министерство за здравство: Филипче не ја префрли одговорноста на мајките


Министерството за здравство и министерот Венко Филипче во ниту еден момент не ја префрлија одговорноста за ниското ниво на функционалност на здравствениот систем кон идните мајки, реагираат од Министерството по обвинувањата дека за смртноста на бебињата, Филипче ги обвинил мајките оти не оделе на гинеколог. „Беше потенцирано дека интензивно ќе се работи на подигнување на …

Министерство за здравство: Филипче не ја префрли одговорноста на мајките Read More »

Скопска гинекологија ќе добие „конкуренција“ во внатрешноста


Клиничките болници во Тетово, Штип или Битола ќе нудат подеднакво квалитетни услуги како клиниката за Гинекологија во Скопје. Овие три болници ќе бидат акредитирани според стандарди за родилишта и родилките нема да се препраќаат само на Клиниката за гинекологија (ГАК) или во болницата во Чаир. Ова е една од мерките за намалување на смртноста кај …

Скопска гинекологија ќе добие „конкуренција“ во внатрешноста Read More »

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани


Државата за набавка на лекови и помагала за дијабетичари за оваа година обезбеди 620 милиони денари. Тоа се гледа од Програмата за обезбедување инсулин, глаукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за дијабетесот, кој пред некој ден е објавена во „Службен весник“. Тоа е истата сума од минатата година, со таа разлика што …

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани Read More »

Министерството за здравство го вработи Јосиф, фармацевт со ретка болест


Јосиф Мишевски, дипломиран фармацевт со ретка болест на кожата, ќе учествува во креирање на Програмата за ретки болести. Јосиф од денеска е вработен во Министерството за здравство, во секторот фармација. „Имајќи во предвид дека лицето спаѓа во категоријата лица со ретки болести (со дијагноза ихтиоза), на овој начин лицата кои директно се засегнати од имплементацијата …

Министерството за здравство го вработи Јосиф, фармацевт со ретка болест Read More »

Македонското здравство на 22 место во Европа


Македонскиот здравствен систем е рангиран на 22. место на листата на европски здравствени системи за 2017 година. На листата што ја објави Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има 649 бода. На првото место на листата е Холандија, на второто е Швајцарија, а на третото Данска. Подобро рангирани од Македонија се Србија на 21. место и …

Македонското здравство на 22 место во Европа Read More »

Околу 300 деца со попреченост девет месеци чекаат да поправат заб


Околу 300 деца со попреченост чекаат девет месеци за да поправат заби на Клиниката за стоматологија, бидејќи толку време нема апарат за анестезија кој е за потребен за да се изврши интервенцијата. Кај децата со попреченост, секој зафат на забите мора да се прави со општа анестезија. Стоматолошкиот клинички центар е единствен во државата каде …

Околу 300 деца со попреченост девет месеци чекаат да поправат заб Read More »

Комисија ќе испитува зошто 15-годишник почина на ТОАРИЛУЦ


Министерство за здравство соопшти дека ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишно момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат …

Комисија ќе испитува зошто 15-годишник почина на ТОАРИЛУЦ Read More »

Преку „Мој термин“ ќе се следат ретките болести и бременоста


Министерството за здравство ќе го унапредува системот „Мој термин“ за што распиша тендер од пет милиони денари. Според најавите, во системот ќе се надградат постојните, но ќе се воведат и нови функционалности. „Како еден од поголемите модули што ќе се воведе со новата надградба на системот е воспоставување софтверско решение за регистар на лица со …

Преку „Мој термин“ ќе се следат ретките болести и бременоста Read More »

Забрана за работа за болницата „Санте Плус“


Болницата „Санте Плус“ доби забрана за работа додека не ги отстрани недостатоците што ги констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти Министерството за здравство. „На ден 23.01.2018 год. (вторник) од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива, …

Забрана за работа за болницата „Санте Плус“ Read More »

Со 70.000 евра ќе се надградува „Мој термин“


Министерството за здравство објави тендер за надградба и одржување на националниот систем за електронски евиденции во здравството, познат како „Мој термин“. Вредноста на набавката изнесува 4 милиони и 237 илјади денари без ДДВ, или околу 70 илјади евра. .Системот треба да го подобри „лесното и ефикасно ажурирање на податоците преку едноставниот и кориснички интерфејс на …

Со 70.000 евра ќе се надградува „Мој термин“ Read More »

Шестмесечно бебе заболе од морбили


Два нови случаи на морбили регистрираше Институтот за јавно здравје. Едниот е дете на шестмесечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано (не подлежи на вакцинација) и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40-годишна возраст (вакциниран со една доза на вакцина), кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на …

Шестмесечно бебе заболе од морбили Read More »