Манчестер јунајтед за прв пат во историјата со осум гостински победи во низа


Манчестер јунајтед синоќа го победи Кристал Палас во натпреварот од 28. коло на англиското фудбалско првенство. За „црвените ѓаволи“ ова беше осма победа по ред на гостински терен во сите натпреварувања што е нов клупски рекорд. Извонредната серија на Јунајтед доаѓа под водство на Оле Гунар Солскјер кој го презема тимот во декември од Жозе …

Манчестер јунајтед за прв пат во историјата со осум гостински победи во низа Read More »

Солскјер: Градиме тим кој ќе биде достоен за историјата на Манчестер Јунајтед


Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази мислење дека победа во недела против Ливерпул во Премиер лигата ќе го направи неговиот тим „достоен за историјата на клубот“. Норвешкиот стратег и поранешен играч на „црвените ѓаволи“ запиша 11 победи во првите 13 натпревари на чело на тимот, откако загуби само еднаш – 0:2 од …

Солскјер: Градиме тим кој ќе биде достоен за историјата на Манчестер Јунајтед Read More »

Судиите му се криви на Мурињо за поразот на Манчестер Ј. од Вест Хем


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше задоволен од својот тим по поразот со 1:3 од Вест Хем во натпревар од Премиерлигата. Тој, сепак, имаше забелешки и кон судиите на натпреварот. „Мислам дека тоа не е најдобар начин да се започне натпреварот, откако во петата минута екипата прими гол. Имаше офсајд, можеби судијата на …

Судиите му се криви на Мурињо за поразот на Манчестер Ј. од Вест Хем Read More »

Лукаку му донесе победа на Манчестер Јунајтед


Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги постигна двата гола во вечерашната победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли и со тоа го намали притисокот што беше насочен кон тренерот Жозе Мурињо, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ во случај на пораз. По четири рунди Јунајтед е на средината на премиерлигашката табела со половичен …

Лукаку му донесе победа на Манчестер Јунајтед Read More »

Мурињо: Не сум крив за грешките во одбраната


Веќе во второто коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед успеа да се избламира откако загуби од Брајтон со 3-2. „Црвените ѓаволи“ губеа со 2-0, па Лукаку намали, а во 95. минита Погбa од пенал го постави конечниот резултат. По мечот, Жозе Мурињо не беше баш најсреќен што мора да им одговара на новинарите. На …

Мурињо: Не сум крив за грешките во одбраната Read More »

Депај ќе биде казнет поради отсуство од тренинг


Тренерот на Олимпик Лион, Бруно Женесио, потврди дека холандскиот фудбалер Мемфис Депај ќе биде казнет бидејќи не се појави на тренингот на почетокот од подготовките. Лион веќе ги започна подготовките за новата сезона, а Депај не дојде на прозивката и тренингот. – Драго ми е што повторно се собравме. Од 27 играчи не дојде само …

Депај ќе биде казнет поради отсуство од тренинг Read More »

Челзи го освои ФА Купот


Челзи го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 вечерва во финалето на ФА Купот одиграно на „Вембли“ во Лондон. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Еден Азар од белата точка на средината од првото полувреме. За белгискиот напаѓач оваа средба беше 300. во „синиот“ дрес. За лондончани ова беше осми трофеј во ФА Купот и …

Челзи го освои ФА Купот Read More »

Фелаини бара повисока плата за да остане во Манчестер јунајтед


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини, се уште нема потпишано нов договор со клубот, а според британските медиуми, причина за тоа е незадоволството од понудената плата од 140.000 фунти неделно. Договорот на Фелаини истекува ова лето, но и покрај взаемната желба за продолжување на соработката таков договор се уште не е потпишан. – Минатата година …

Фелаини бара повисока плата за да остане во Манчестер јунајтед Read More »

Луис ван Гал: Добив предлог кој не можам да го одбијам


Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал, чие име е едно од бројните, кое се поврзува со тренерската позиција во Арсенал, изјави дека добил понуда која не може да ја одбие. – Се уште не можам да кажам дека ја завршив кариерата. Се уште добивам многу предлози. Иако звучи досадно за некои луѓе, тоа …

Луис ван Гал: Добив предлог кој не можам да го одбијам Read More »

Барселона влегува во битка за Марсијал


Едно од прашањата кое најмногу ги мачи фановите на Манчестер Јунајтед во пресрет на летниот трансфер е: „Каде Антони Марсијал ќе игра следната сезона?“ Младиот француски офанзивен играч не е задоволен од минутажата која му ја даваа менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Марсијал оваа сезона одигра 41 натпревар, учествуваше во постигнување на 21 гол …

Барселона влегува во битка за Марсијал Read More »

Мурињо: Нема да претеруваме со трошоци за трансфери


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека во преодниот период нема да претеруваат со трошење финансии на фудбалери за зајакнување. Мурињо за две години на „Олд Трафорд“ потроши 300 милиони фунти, а со Ромелу Лукаку и Пол Погба своевремено направи едни од најскапите трансфери. Но, Јунајтед викендов беше поразен од Вест Бромвич и практично …

Мурињо: Нема да претеруваме со трошоци за трансфери Read More »

Мурињо повторно незадоволен од прашањата на новинарите


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно не беше премногу среќен од пристапот на новинарите на денешната прес-конференција пред средбата со Вест Бромвич. „Црвените ѓаволи“ го пречекуваат Албион на „Олд Трафорд“ во недела од 17 часот, но Португалецот не остана задоволен од неколку прашања насочени кон младите таленти Маркус Рашфорд и Антони Марсиал, кои не …

Мурињо повторно незадоволен од прашањата на новинарите Read More »

Марсиал одбил да потпише нов договор со Јунајтед


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал одбил нов договор од клубот, објавија медиумите во Франција. Според „РМЦ Спорт“ причината е дека 22-годишниот играч е незадоволен од слабата минутажа која ја добива оваа сезона, и претпочита да биде ставен на трансфер листа. Актуелниот договор на Французинот истекува летото 2019 година, додека новата понуда била во рок …

Марсиал одбил да потпише нов договор со Јунајтед Read More »

Компани: Титулата може да почека, се насочуваме кон Лигата на шампионите


Манчестер сити со победа на градското дерби против Манчестер јунајтед на пет кола пред крајот сезоната може да ја обезбеди шампионската титула во Англија. Меѓутоа, капитенот на „граѓаните“ Венсан Компани наведува дека не би му пречело да го одложат освојувањето на титулата со цел да се подготват за реванш натпреварот против Ливерпул од четвртфиналаната фаза …

Компани: Титулата може да почека, се насочуваме кон Лигата на шампионите Read More »

Гвардиола ќе ги одмара главните играчи за дербито со Јунајтед


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека ќе даде пауза на повеќето од главните играчи во саботното дерби со градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Иако при успех на „Етихад“, „граѓаните“ ќе триумфираат предвремено со шампионска титула во Премиер лигата, менаџерот на Сити изјави дека во моментов приоритет се двата натпревари со Ливерпул од четвртфиналето во …

Гвардиола ќе ги одмара главните играчи за дербито со Јунајтед Read More »

Легендата Реј Вилкинс се бори за живот


Легендарниот англиски фудбалер, Реј Вилкинс, доживеа срцев удар и во критична состојба е пренесен во болница. Вилкинс претходно паднал во неговиот дом, а 61-годишниот поранешен капитен на англиската репрезентација во моментов се наоѓа на интензивна нега во болница во Лондон, каде лекарите се борат за неговиот живот. – Tој е во болницa на интензивна нега. …

Легендата Реј Вилкинс се бори за живот Read More »

Роналдињо откри зошто ја избрал Барселона пред Манчестер Јунајтед


Бразилскиот фудбалер Роналдињо откри интересни детали од времето кога го носеше дресот на Пари Сен Жермен. Во 2003 година, тој бил многу близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот ја избрал Барселона. Во исто време една од ѕвездите на „црвените ѓаволи“ – Дејвид Бекам, потпишува со Реал Мадрид и менаџерот на Манчестер Јунајтед …

Роналдињо откри зошто ја избрал Барселона пред Манчестер Јунајтед Read More »

Ибрахимовиќ од Манчестер јунајтед заминува во ЛА Галакси


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во следните неколку дена го напушта Манчестер јунајтед, а веќе се договорил со ЛА Галакси и својата кариера ќе ја продолжи во МЛС лигата. Како што објави ЕСПН, тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо, му овозможил на шведскиот напаѓач да го напушти клубот од „Олд Трафорд“ пред крајот на сезоната. Договорот за …

Ибрахимовиќ од Манчестер јунајтед заминува во ЛА Галакси Read More »

Манчестер Јунајтед потпиша со белгиски вундеркинд


Манчестер Јунајтед официјално соопшти дека младиот талент Лари Рамазани го потпишал првиот професионален договор со клубот. Шеснаесет годишниот Белгиец е поранешен играч на Андерлехт, а потекнува од Бурунди. Од кампот на „црвените ѓаволи“ со гордост изјавуваат дека младиот фудбалер имал клучна улога при триумфот во Премиер Лигата Север, која е за играчи на возраст до …

Манчестер Јунајтед потпиша со белгиски вундеркинд Read More »

Раководството на Баерн бара 100 милиони евра за Левандовски


Баерн Минхен нема намера да преговара за цена под 100 милиони евра за напаѓачот Роберт Левандовски, пишува во денешното издание „Кикер“. Полскиот стрелец го бараат и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но има договор до летото 2021 година. Според минхенското издание „Меркур“ пак, претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, споделил пред Карл-Хајнц Румениге дека не …

Раководството на Баерн бара 100 милиони евра за Левандовски Read More »