Македонија ќе добие 4 милијарди евра за да не се труе со јаглен


  Меѓународните кредитори, вклучително и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светската банка, ќе го поддржат планот од 4 милијарди евра за оослободување на Македонија од јагленот, изјави шефот на ЕБОР за Ројтерс. Договорот, кој се очекува да биде објавен на климатските разговори COP28 во Дубаи кои започнуваат на 30 ноември, ќе постави …

Македонија ќе добие 4 милијарди евра за да не се труе со јаглен Read More »

Миовски: Во Италија одиме да се надигруваме


Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски верува дека уште еднаш може да се оствари позитивен резултат со големиот фаворит Италија.  Македонската репрезентација на 17 ноември гостува во Рим во првиот од двата последни натпревара од квалификациите за Европското првенство.  – Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво …

Миовски: Во Италија одиме да се надигруваме Read More »

Италија без Локатели против македонската репрезентација


 Италијанскиот фудбалски репрезентативец Мануел Локатели поради повреда нема да биде во составот на националниот тим за дуелите од завршниот ноемвриски циклус во евроквалификациите против македонската и украинската репрезентација. „Локатели се врати во својот клуб“, изјави селекторот Лучијано Спалети на синоќешната прес – конференција, непрецизирајќи за каква повреда на играчот за врска на Јувентус станува збор. …

Италија без Локатели против македонската репрезентација Read More »

ОН во кавга поради војната меѓу Израел и Хамас


Конфликтот на Израел со Палестинците е стар речиси колку и Обединетите нации. Но, тој едвај некогаш предизвика толкав хаос во типично мирната институција како што се случи  во последниот месец. Израелските власти го повикаа генералниот секретар да поднесе оставка, висок функционер за човекови права се повлече со гнрвно писмо во кое обвини за „геноцид“, а дипломатите …

ОН во кавга поради војната меѓу Израел и Хамас Read More »

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал


Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто …

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти во третиот квартал Read More »

Повик за изработка на лого за 30-годишнината од дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија


Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија со задоволство ве поканува да придонесете со вашите иновативни идеи на конкурс за дизајн на лого за прослава на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија . Целта на овој натпревар е да се вклучат дизајнерската заедница, професионалци од областа на графичкиот дизајн и …

Повик за изработка на лого за 30-годишнината од дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија Read More »

Додека во Македонија се зборува за „бугарски диктат“, Украина ќе ги почне преговорите со ЕУ


  Дали Македонија ја чека уште една депресивна фаза по многуте што ги имаше досега? Според овдешните објави, ветувања и заколнувања Собранието нема да ги усвои уставните измени неопходни за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ. Додека противниците на „бугарскиот диктат“ во преговарачката рамка ќе го слават успехот ќе можат да наздрават со чаша …

Додека во Македонија се зборува за „бугарски диктат“, Украина ќе ги почне преговорите со ЕУ Read More »

Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно


Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Северна Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе, јави дописникот на МИА од Белград. Според оваа статистика, на прво …

Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно Read More »

Забранет пестицид најден во пиперки увезени во Хрватска од Македонија


Забранет токсичен пестицид е откриен во зеленчук увезен во Хрватска од Македонија, објавено беше денеска во европскиот систем за брзо предупредување во прометот на храна, пренесе „Н1“. „Остатоци од пестицидот форметанат се откриени во пиперки од Северна Македонија. Ризикот е сериозен“, стои во денешното известување, а земјата која го пријави случајот е Хрватска. Форметанат важи …

Забранет пестицид најден во пиперки увезени во Хрватска од Македонија Read More »

Светски рекорд: Македонските ракометари ќе играат против Франција пред 50.000 гледачи


Следното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари 2024 година. Најдобрите македонски ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров се наоѓаат во групата „А“ со светскиот вицешампион Франција, домаќинот Германија и Швајцарија. Европското првенство ќе го отвори токму Македонија на 10 јануари против Франција, од 18.00 …

Светски рекорд: Македонските ракометари ќе играат против Франција пред 50.000 гледачи Read More »

Италија без двајца клучни играчи за мечот против Македонија


Новиот италијански фудбалски селектор Лучијано Спалети мораше во последен момент да го менува планираниот состав за утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Скопје. И покрај тоа што беше планиран за левата офанзивна позиција, ѕвездата на Јувентус Федерико Киеза денеска се пожалил на повреда . Тој и дефинитивно нема да игра, исто како и Лоренцо Пелегрини, …

Италија без двајца клучни играчи за мечот против Македонија Read More »

Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД


Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка. -Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот …

Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД Read More »

Почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија за ЕП 2024


Денеска, почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија на Националната арена „Тодор Проески“ од квалификациите за ЕП 2024.Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Продажбата на билетите, како што велат од ФФМ ќе биде исклучиво преку продажната мрежа на „МК тикетс“ со физичко …

Почна продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија за ЕП 2024 Read More »

Македонските фудбалери вечерва против Англија ги продолжуваат евроквалификациите


Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер ѝ гостува на Англија во рамки на 4. коло од група Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавија дека ќе вложат максимум да ја продолжат традицијата и да останат непоразени и во третиот натпревар на гостински …

Македонските фудбалери вечерва против Англија ги продолжуваат евроквалификациите Read More »

Македонија со водство од два гола против Украина на полувреме


Барди и Елмас дадоа по еден гол на вечерашниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација, против Украина, за квалификациите на Европското првенство.  Најпрво, мрежата на Украинците ја затресе Енис Барди, од пенал, а пред крајот на полувремето со одличен удар од 25 метри го совлада противничкиот голман. За пеналот, судијата Лукас Фендрих не виде чиста игра …

Македонија со водство од два гола против Украина на полувреме Read More »

Бундестагот ја усвои резолуцијата за Македонија, ЦДУ беше против


  Со гласовите на парламентарните групи на коалициските партнери во владата, доцна ноќта во четвртокот, 15 јуни, германскиот Бундестаг ја одобри резолуцијата за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ предложена од СПД, Алијанса 90/Зелени и ФДП. Со неа „треба активно да се поддржи Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија“, соопшти прес-службата на парламентот. …

Бундестагот ја усвои резолуцијата за Македонија, ЦДУ беше против Read More »

„Бундестагот ги признава македонската култура, идентитет и јазик“: Што пишува во германската резолуција


  Половина час – толку е предвидена да трае расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ во германскиот Бундестаг. Расправата треба да започне денеска во 21,05 часот и да заврши во 21.35 часот. Таа е дел од расправата на германскиот парламент за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Резолуцијата за Македонија е …

„Бундестагот ги признава македонската култура, идентитет и јазик“: Што пишува во германската резолуција Read More »

ЕИТ отвори иновациски центар во Македонија


Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ) го објави почетокот на првиот заеднички центар во Македонија, кој ќе ги подигне регионалните иновации на повисоко ниво и ќе им обезбеди на локалните претприемачи, иноватори и стартапи поддршка за иновации. Европскиот институт за иновации и технологија ќе ги поттикне иновациите во Западен Балкан со отворање на првиот …

ЕИТ отвори иновациски центар во Македонија Read More »

ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба


Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Навивачите ќе можат да купат …

ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба Read More »

Украина бара дополнителна воена помош од Македонија


Пристигнато е ново барање од украинска страна, за дополнителна воена помош, класифицирано е и во моментов Генералштабот го разгледува, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања по завршувањето на брифингот по повод отпочнување на активности мултинационалната вежба „Брз одговор 23“. – Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа …

Украина бара дополнителна воена помош од Македонија Read More »