Ни Нирнбершки ни кафкијански


   Ерол Ризаов Македонија е повеќе шокирана од стартот на владеење на правото, а помалку од висината на пресудите за крвавиот четврток од 2017 година. Изречени се затворски казни од вкупно 211 години само за настаните во Собранието, а една недела порано уште шест повеќегодишни пресуди за изборни неправилности. Во завршна фаза се уште голем …

Ни Нирнбершки ни кафкијански Read More »

Медената земја на Атиџе од Македонија


Ерол Ризаов Одамна не ме треснало нешто толку жестоко по главата и не ми нанело толкава вознемиреност, но истовремено и милина на душата да не можам да дојдам три дена на себе од високите дози адреналин, колку што го предизвика тоа документарниот филм „Медена земја“, чија затворена проекција имав чест и привилегија да ја видам. …

Медената земја на Атиџе од Македонија Read More »

Дваесет години затвор за попречување на правдата


Ерол Ризаов ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им должат јавна благодарност на премиерот Зоран Заев и СДСМ, на Специјалното јавно обвинителство и делот од судството што ја одработуваат најтешката работа од прогласувањето на независноста на државата. Преспанскиот договор со Грција, отстранувањето на блокадите за евроатлантски интеграции и чистењето на ВМРО-ДПМНЕ од криминалниот и компромитиран режимски врв …

Дваесет години затвор за попречување на правдата Read More »

Кој ќе победи, правото или политиката?


Ерол Ризаов Дали повеќегодишните затворски казни на Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибрахими и другите обвинети, изречени за изборни нерегуларности, ќе бидат сериозна превентива што ќе означи дека секое нарушување на изборниот процес е неисплатлива работа и тешко кривично дело, или во натамошната жалбена постапка ова ќе биде уште еден циркус и деградација на правниот …

Кој ќе победи, правото или политиката? Read More »

Највалкана кампања досега


Ерол Ризаов Претседателската предизборна кампања ќе почнела на априлили. Јавија од ДИК. Така било според законот. Тоа е само 1001 голема лага, пред да почне пропагандната војна на живот и смрт. До 1 април, кога ќе стартува предизборна трка, претседателските кандидати, особено тие што имаат најголеми шанси да бидат избрани, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, …

Највалкана кампања досега Read More »

Избрани се три-четири претседатели на државата


Ерол Ризаов До претседателските избори ќе имаме два натпартиски претседатели. Еден на ВМРО-ДПМНЕ, со веќе прогласената мајка на мајковината, стопроцентна победничка; и еден заеднички на СДСМ и ДУИ, татко (или мајка) на татковината, ептен сигурен победник. Мајката е веќе избрана како сенароден кандидат на сите македонски патриоти. А, таткото го избраа истиот миг штом му …

Избрани се три-четири претседатели на државата Read More »

Владеење на правото и кривото


Ерол Ризаов Откако сум во оваа професија, цели 43 години, без оглед на општествено-политичкиот систем, дали бил еднопартиски, повеќепартиски, парламентарен, авторитарен или режим, едноумие или безумие, најголемите надежи за подобро утре секогаш бил со зборот слобода, нешто подоцна заменет со демократија, потоа следуваа зборовите правна држава, а сега хит е владеење на правото. Кажано најпросто, …

Владеење на правото и кривото Read More »

Која врата не можеше да ја отвори Груевски?


Ерол Ризаов Освен Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници, никој во Македонија не се изненади кога државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и обвинителката и шеф на одделот за организиран криминал, Вилма Русковска, на конференција за печат соопштија дека по опсежна истрага се утврдени повеќе докази за функционери од највисокиот врв на ВМРО-ДПМНЕ како организатори и …

Која врата не можеше да ја отвори Груевски? Read More »

Кој е Чаушеску, а кој Милошевиќ


Ерол Ризаов Почна најновото силно бомбардирање на јавноста со жестока пропаганда и нови дози на омраза и радикализација на односите меѓу политичките партии и нивните лидери два месеца пред првиот круг на претседателските избори. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од завчера ја активираше тешката артилерија. Го прогласи Зоран Заев истовремено за чудовиште, за деспот, за …

Кој е Чаушеску, а кој Милошевиќ Read More »

Монструмите треба да се згазнат кога се мали


Ерол Ризаов Во оваа напатена земја веќе мора да стане јасно дека влезот во политиката не значи слободно ограбување на граѓаните, земање и давање мито, богатење и саде привилегии. Туку сосема обратно, чесноста, скромноста, моралните принципи, откажувањето од деловни зделки за пари од државната каса и добивки од присвојување на државен имот, бизнис со јавните …

Монструмите треба да се згазнат кога се мали Read More »

Врховниот суд го оживува груевизмот


Ерол Ризаов Попречувањето на правдата од страна на државен орган, кој се нарекува Врховен суд на Македонија, е најсрамната одлука што ја искажал еден суд во земјите кои имаат парламентарен политички систем. Забраната за натамошна и досегашна работа на специјално или кое било обвинителство, спречување да се гонат носителите на организираниот криминал и на корупцијата, на обвинети политичари кои се од врвот …

Врховниот суд го оживува груевизмот Read More »

Лекцијата на Ципрас за патриотизам


Зборот патриотизам одамна го има изгубено своето вистинско значење не само на Балканот, каде што има најмногу патриоти по глава на жител во светот, туку и во Европа и на целата планета Земја. Како да се „сака“ татковината доволно силно за да се задуши здравиот разум во мир, е едно од најголемите злосторства и злоупотреби …

Лекцијата на Ципрас за патриотизам Read More »

Давос е убаво место за бистра глава


Ерол Ризаов Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев ова време лани во Давос во Швајцарија се договорија за историска и цивилизациска цел – да решат тежок проблем, одамна во светот прогласен за нерешлив. Заев и Ципрас не тргнаа од напластените болни наслаги од минатото туку тргнаа од иднината. Ја поставија најнапред целта што сакаат да …

Давос е убаво место за бистра глава Read More »

Денови на исчекување


Ерол Ризаов Граѓаните на Македонија се повторно во исчекување. Со децении чекаме нешто што сите ќе нè израдува, иако тоа не е можно од проста причина што за едните е добра вест, а за другите е лоша. Многу лоша. Не постои таква вест што сите ќе нè направи среќни, дури и кога има причина за …

Денови на исчекување Read More »

Секој север има свој југ


Ерол Ризаов Расправите во македонскиот и грчкиот парламент за „македонското прашање“ и тензиите во двете земји, кои имаат длабоки корени, повторно нè враќаат во минатото и предизвикуваат нови делби и омрази меѓу граѓаните и во Грција и во Македонија. Затскриени зад патриотизмот, во суштина се водат битки за власт, во обиди со примитивен популизам и …

Секој север има свој југ Read More »

Пссст… претседателот очекува членство во НАТО!


Ерол Ризаов Ако денот се познава по утрото, а годината по првиот ден, нè очекуваат поведри денови. Првото дете што се роди во 2019 една минута по полноќ се вика Ведран, а првите три дена беа сончеви и благопријатни, иако студеникави. Добар знак за почеток среде зима со најава на снег што е бериќет и …

Пссст… претседателот очекува членство во НАТО! Read More »

Македонија се празни како тутун-ќесе


Ерол Ризаов Исчезнаа убавите репортажи од македонските медиуми. Сонот на повеќе генерации новинари да станат репортери одамна е отсонуван. Тоа е веќе надживеана работа, велат новите генерации јастреби кои истражуваат организиран криминал, корупција, злоупотреба на власта, судир на интереси, наместени избори и тендери… откриваат секојдневно скандали и афери кои јавноста ги голта преку интернет. Секоја …

Македонија се празни како тутун-ќесе Read More »

Што ќе руча денеска Груевски


Ерол Ризаов Неизвесноста за усвојување на уставните промени, кои ќе ја одредат иднината на Македонија, големите и сложени судски процеси кои првпат се водат во толкав обем во земјата, постапките за помирување и амнестија во Собранието и маршевите без војска на улиците, судирот меѓу политиката и правото, драматичните вести за нивото на загадување на човековата …

Што ќе руча денеска Груевски Read More »

Да не им продаваме на Грците византиски игри


Ерол Ризаов Како да забегуваат новите и старите уставотворци и уставобранители. Впечаток е дека луѓево заборавија дека се работи за неколку уставни амандмани кои се дел од компромисот стриктно одреден со Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција. Четирите амандмани со отстапки, во замена за европската иднина на Македонија, се претворија не само во пишување нов …

Да не им продаваме на Грците византиски игри Read More »

Иванов на исчезнување


 Ерол Ризаов  Дали државниот јавен обвинител чека Ѓорге Иванов да избега од земјата, па да покрене обвинителен акт против претседателот на државата кој со години прави тешки кривични дела со попречување на правдата, учествува активно во блокирање на остварувањето на најзначајните стратегиски државни интереси, како што се евроатлантските интеграции и членството во ЕУ и во НАТО, флагрантно го …

Иванов на исчезнување Read More »