Аманатидис: Граѓаните да го прочитаат договорот


 Заменик министерот за надворешни работи на Грција Јанис Аманатидис ги повика Грците да го прочитаат договорот и сами да формираат мислење дали тој е добар како што тврди владата или не. Аманатидис, во интервју за грчката телевизија „Епсилон“, коментирајќи ги негативните реакции во Грција и протестите пред канцеларии на пратеници, рече дека оние што протестираат се конкретни, …

Аманатидис: Граѓаните да го прочитаат договорот Read More »

Димитров: Уверен сум дека граѓаните ќе застанат зад договорот, ќе паднат стравовите


Доколку референдумот за договорот за името биде успешен ниту една политичка партија нема да може да им каже „не“ на граѓаните, порача вечерва шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервју за Топ тема. – Ако референдумот за името биде успешен, која е таа политичка партија, што на граѓаните ќе им каже „не“. Народот не се …

Димитров: Уверен сум дека граѓаните ќе застанат зад договорот, ќе паднат стравовите Read More »

Димитров: Претседателот е должен да потпише законот, кој по втор пат се враќа во Собранието


Во Уставот има празнина, претседателот има право на суспензивно вето, може да добие на време или да стопира некој закон да влезе во сила, но откако законот по втор пат ќе влезе во собраниска процедура, тој е должен да го потпише, а ние сега имаме претседател, кој не ја почитува оваа обврска. Ова го порача …

Димитров: Претседателот е должен да потпише законот, кој по втор пат се враќа во Собранието Read More »

Каменос: Ќе направиме се за да спречиме ратификација на нацрт-договорот во Парламентот


Ќе се обидеме на кој било начин да го блокираме ратификувањето на Договорот и бараме да се гласа со зголемено мнозинство, порача претседателот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос. По вонредната седница на пратеничката група на неговата партија, Каменос ги откри неговите планови во однос на Договорот или како што …

Каменос: Ќе направиме се за да спречиме ратификација на нацрт-договорот во Парламентот Read More »

Дачиќ: Не честитавме, имаме позитивно мислење за договорот


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека Србија не и честитала на Македонија за Договорот за решавање на спорот со Грција, бидејќи нема што да се честита, пренесува Бета. – Не честитавме бидејќи немаме што да честитаме. Имаме позитивно мислење и поддржуваме секаков договор со кој се договара работите да се решат …

Дачиќ: Не честитавме, имаме позитивно мислење за договорот Read More »

Ѕанакопулос: Договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент без проблеми


По потпишувањето на Договорот од Преспа, Грција и ПЈРМ започнуваат нова ера на пријателство, соработка и стабилност, рече портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите и изрази убеденост дека Договорот ќе добие мнозинство во грчкиот парламент. Паралелно, тој објасни дека преку зборови и обиди да сфатат граѓаните …

Ѕанакопулос: Договорот ќе биде ратификуван во грчкиот парламент без проблеми Read More »

Хан ја поздрави ратификацијата на договорот


Еврокомесарот за проширување преку Твитер ја поздрави ратификацијата на Договорот за спорот со името. – Ја поздравувам ратификацијата од страна на Собранието. Ова е првиот чекор од многу други кон целосна имплементација. Верувам дека сите политички лидери ќе покажат лидерство и храброст за следните чекори, напиша Хан.

ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор нема да донесе подобар живот


Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја донесоа Република Македонија во потчинета положба. Капитулантскиот договор кој го потпиша Заев е понижувачки за целата држава. Правата вистина е дека иденитетот не е зачуван, соопштија од опозицијата. Зоран Заев го брише терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, …

ВМРО-ДПМНЕ: Капитулантскиот договор нема да донесе подобар живот Read More »

Имаше ли обид за реприза на 27 април?


Откако премиерот Зоран Заев го потпиша договорот за промена на името на земјата во „Република Северна Македонија“, започнаа неколкудневните протести пред Собранието кои кулминираа во насилство. Иако тие беа организирани преку социјалните мрежи, според дел од аналитичарите и креаторите на јавното мислење во земјава, можно е да има руско влијание на политичката сцена. Пред сѐ …

Имаше ли обид за реприза на 27 април? Read More »

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски мерки и принципи за штетниот договор


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. – Мицкоски ги соопшти ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставното име на Република Македонија и актуелните случувања околу капитулантскиот договор на Зоран Заев. Воедно, Мицкоски изрази разбирање за загриженоста на граѓаните околу штетниот договор, наведуваат од партијата. …

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски мерки и принципи за штетниот договор Read More »

Тунтев: Договорот е висок патриотски чин кој носи иднина за државата и граѓаните


Договорот за кој треба да се изјасниме е висок патриотски чин, носи иднина за државата и за сите граѓани. Овој договор го гарантира македонскиот идентитет, македонски народ, Македонец, Македонска, македонски, еднаш засекогаш, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев. Од прес-конференцијата во Собранието, Тунтев ги повика пратениците од опозицијата да се вратат …

Тунтев: Договорот е висок патриотски чин кој носи иднина за државата и граѓаните Read More »

Ѕанакопулос: Договорот не може да влијае врз соседите да се самоопределуваат како Македонци


Според самите соседи и според тоа како се самоопределуваат, велат дека се Македонци, на ист начин како што велат дека се Македонци Грците во Македонија, 51 отсто од географската област Македонија што и припаѓа на Грција, објаснува портпаролот на грчката влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во однос на тоа дали ние можеме или …

Ѕанакопулос: Договорот не може да влијае врз соседите да се самоопределуваат како Македонци Read More »

Утре договорот за името во собраниска процедура


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и …

Утре договорот за името во собраниска процедура Read More »

Германија: Задоволни сме од вчерашното потпишување на договорот за името


Германската Влада го поздравува договорот меѓу Атина и Скопје и апелира политичките сили од двете земји да го поддржат Преспанскиот договор. Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, договорот дава повод за доза оптимизам, но загриженост будат насилствата за време на протестите во Скопје против договорот. – Задоволни сме од вчерашното потпишување на договорот. Го …

Германија: Задоволни сме од вчерашното потпишување на договорот за името Read More »

Грчкиот печат за потпишувањето на Договорот во Преспа


Како и во изминатите денови, македонско – грчкиот Договор и понатаму е во фокусот на медиумите, политичарите и општеството во Грција. Потпишувањето во Преспа беше главна тема во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии,  утрово тема на дискусија, на моменти и жестока, меѓу претставници на грчките политички партии во утринските дебатни емисии, но …

Грчкиот печат за потпишувањето на Договорот во Преспа Read More »

Протест пред Собранието против Договорот со Грција


Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи. На собраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон. Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон. Тие …

Протест пред Собранието против Договорот со Грција Read More »

Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името


Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името, и очекува отворање преговори за членство во Европската унија. – Министерството за надворешни работи го поздравува договорот за името меѓу Република Македонија и Грција. Хрватска очекува Македонија да отвори преговори за членство во Европската унија и да стане членка во НАТО, се вели во соопштение …

Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името Read More »

Весели: Договорот Скопје-Атина е чин кој е храбар, правичен и корисен за целиот регион


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави договорот кој денеска го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за името меѓу двете земји. Спикерот на косовскиот Парламент порача дека тоа што го направија денеска Скопје и Атина придонесува за …

Весели: Договорот Скопје-Атина е чин кој е храбар, правичен и корисен за целиот регион Read More »

Малески: Со договорот за името стануваме сојузници со Грција


Никому не му е пријатно од промената на името, но од таа емотивна ситуација треба да се извлечеме свесно и да тргнеме во една нова ера за поубава и просперитетна земја. Од таа убавина ќе се компензира тоа што сега го дадовме под концесија. Ова го изјави универзитетскиот професор и прв министер за надворешни работи на …

Малески: Со договорот за името стануваме сојузници со Грција Read More »

Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името


Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска од министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. ИМЕ Официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име). ЈАЗИК Со Договорот се признава – Македонски јазик, дел од …

Клучни точки од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името Read More »