Путин му е благодарен на Џинпинг околу Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот му се заблагодари на кинескиот лидер Ши Џинпинг за неговиот „урамнотежен“ пристап кон украинската криза и ја критикуваше „грдата“ политика на Вашингтон на состанокот што уследи по големото назадување на Москва на бојното поле. Говорејќи на почетокот на разговорите со Ши во Узбекистан, Путин рече дека е подготвен …

Путин му е благодарен на Џинпинг околу Украина Read More »

Путин е „премногу здрав“, рече шефот на ЦИА


  Нема информации дека Владимир Путин е нестабилен или во лоша здравствена состојба, изјави директорот на ЦИА. Сѐ погласни се непотврдените медиумски шпекулации дека Путин, кој оваа година ќе наполни 70 години, страда од лошо здравје, можеби рак. Но, Вилијам Барнс рече дека нема докази што го сугерираат ова, шегувајќи се дека изгледал „премногу здрав“. …

Путин е „премногу здрав“, рече шефот на ЦИА Read More »

Зошто Путин не сака да се споменуваат имињата на генералите што ја водат војната? За да не стане некој многу популарен


  Руските провладини медиуми редовно известуваат за „достигнувањата“ на руската војска во Украина, но споменувањата на конкретни одговорни команданти се исклучително ретки. Судејќи според извештаите од руските пропагандни медиуми, се чини дека самите генерали го поминуваат целото свое време или примајќи медали од Владимир Путин или давајќи им медали на нивните подредени. Тоа, како што …

Зошто Путин не сака да се споменуваат имињата на генералите што ја водат војната? За да не стане некој многу популарен Read More »

Макрон го молел Путин пред инвазијата: „Зборувај со Џо!“ Овој му одговара: „Подобро ќе играм хокеј“


  Само четири дена пред инвазијата на Украина, нерасположениот Владимир Путин му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека повеќе би сакал да „игра хокеј на мраз“ отколку да одржи состанок со Џо Бајден за да разговара за ситуацијата во Украина и можеби да спречи војна, пишува британски „Телеграф“. Тие зборови на рускиот претседател може …

Макрон го молел Путин пред инвазијата: „Зборувај со Џо!“ Овој му одговара: „Подобро ќе играм хокеј“ Read More »

„Путин е на пат кој ќе доведе до негова смрт“, тврди Михаил Ходорковски


  Поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, некогаш најбогатиот човек во Русија, сега е еден од нејзините истакнати дисиденти и голем критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Човекот кој собра огромно богатство преку сомнителни приватизации и руска анархија во 1990-тите и добро ја познава руската политичка елита, е убеден дека „Путин е на пат кој ќе доведе …

„Путин е на пат кој ќе доведе до негова смрт“, тврди Михаил Ходорковски Read More »

Михаил Касјанов, првиот премиер на Путин: „Овој Путин не го познавам“


  ПАРИЗ – Тој беше првиот премиер на Владимир Путин, но Михаил Касјанов никогаш во неговите најлоши кошмари не замислуваше дека неговиот поранешен шеф ќе покрене војна од севкупни размери против Украина. Говорејќи за АФП во видео интервју, Касјанов, руски премиер од 2000 до 2004 година, рече дека очекува војната да трае до две години, …

Михаил Касјанов, првиот премиер на Путин: „Овој Путин не го познавам“ Read More »

Кисинџер: Путин го изгуби чувството за мерка


  Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер наполни 99 години на 27 мај. Британскиот „Сандеј тајмс“ објави големо интервју со него, направено од историчарот Ниал Фергусон, инаку автор на книга за Кисинџер. Поранешниот американски дипломат оди со бастун и зборува побавно, но неговиот ум е остар како и секогаш, пишува „Тајмс“. Кисинџер како државен секретар …

Кисинџер: Путин го изгуби чувството за мерка Read More »

Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина


Американскиот претседател Џо Бајден  синоќа изјави дека е можно да се воведат санкции лично за рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина. На новинарско прашање дали е можно такво нешто во случај на руски напад врз Украина, Бајден одговори потврдно. Американскиот претседател рече дека во блиска иднина би можел да префрли дел од …

Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина Read More »

Путин: Нашите играчи се херои


Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша фудбалерите на „Зборнаја“ како „херои“. Тие загубија достојно од Хрватска со убава игра, објави неговиот прес-секретар, Дмитриј Песков на брифинг со новинарите по средбата на стадионот „Фиш“ во Сочи.  – За нас момците се херои, со кои се гордееме, категоричен беше Песков. Селекторот на домашниот тим, Станислав Черчесов откри …

Путин: Нашите играчи се херои Read More »

Можна средба Путин – Ципрас во Москва за време на Светското фудбалско првенство


Сценарија за евентуална средба на рускиот претседател, Владимир Путин со грчкиот премиер, Алексис Ципрас во рамките на Светското фудбалско првенство во Русија, објавуваат грчките медиуми повикувајќи се на владини извори. Како што јави дописничката на МИА од Атина, информацијата прва ја објави грчката телевизија Скај, дека не е исклучена можноста Ципрас да ја прифати поканата …

Можна средба Путин – Ципрас во Москва за време на Светското фудбалско првенство Read More »

Четврт претседателски мандат на Путин: Утре ќе положи заклетва


По 18 години на власт, Владимир Путин утре ќе положи свечена заклетва за четврт претседателски мандат, откако на изборите на 18 март убедливо победи, освојувајќи повеќе од 76 отсто од гласовите. Тој ќе остане во Кремљ до 2024 година, кога ќе има 72 години. Путин, поранешен агент на КГБ, дојде на власт во 2000 година, …

Четврт претседателски мандат на Путин: Утре ќе положи заклетва Read More »

Прва реакција на Путин по нападот во Сирија, ситуацијата ја спореди со Југославија


САД и нејзините сојузници погодија цивилни и воени објекти во Сирија, кршејќи ги Повелбата на ООН и меѓународното право, изјави рускиот претседател Владимир Путин во реакцијата на американско-француско-британската интервенција во Сирија. „Вашингтон започна агресија против суверена држава која е на чело на борбата против тероризмот“, се вели во изјавата на рускиот претседателот. Путин нагласи дека …

Прва реакција на Путин по нападот во Сирија, ситуацијата ја спореди со Југославија Read More »

Путин: ИД е поразена во Сирија, но и понатаму може да го нападне светот


Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави денеска дека Исламска држава е поразена во Сирија, но и понатаму поседува деструктивен потенцијал и може да на ги напаѓа земјите во светот. – Јасно е дека и покрај воената ситуација таа терористичка група задржа значителен декструктивен потенцијал и способност брзо да ја менува тактиката и ги напаѓа земји …

Путин: ИД е поразена во Сирија, но и понатаму може да го нападне светот Read More »

Русија и моралниот банкрот на Западот


Често се вели дека Русија е конкурент на западната демократија, но тоа е погрешно. Оваа земјата се раководи само во интерес на  Владимир Путин и нанеговиот олигархиски круг. Нејзиниот режим е само модел за млади и надежни клептократи. Поголемиот дел од светот не се стреми ниту кон политиката на Русија ниту кон нејзиниот животен стандард. …

Русија и моралниот банкрот на Западот Read More »

Путин: Причина за пожарот во Кемерово е криминална негрижа


Рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Кемерово изјави дека криминалната негрижа е една од причините за пожарот во трговскиот центар „Зимњаја вишња“ (Зимска вишна), при што загинаа над 60 луѓе. – Што се случи овде, а не беше борбена ситуација или неочекувана експлозја на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме …

Путин: Причина за пожарот во Кемерово е криминална негрижа Read More »

Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин


Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе денеска на рускиот претседател Владимир Путин на добивањето на уште еден шестгодишен мандат. Таа повика на продолжување на дијалогот со цел да бидат пронајдени решенија за билатералните и меѓународните предизвици, се наведува во соопштение од нејзиниот кабинет. „Денес е поважно од кога и да е да го продолжиме дијалогот …

Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин Read More »

Путин го сруши рекордот со добиените гласови


Владимир Путин вчера доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори во Русија, соопшти заменик претседателот на руската Централна изборна комисија Николај Булаев. За Путин гласале над 56 милиони гласачи, или 76,66 проценти. – Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија, вели тој. Податоците се од преброени 99,84 отсто од …

Путин го сруши рекордот со добиените гласови Read More »

Поддршката за Путин станува „севернокорејска“


Еден ден по изборите во Русија никој не ни чека пребројување на гласовите бидејќи нема ни сомнеж дека и овој пат, по четврти пат, Владимир Путин ќе биде избран за претседател. Тоа значи дека и во следните шест години тој ќе ја решава судбината на земјата, а прогнозите беа дека за тоа ќе добие поддршка …

Поддршката за Путин станува „севернокорејска“ Read More »

Путин им се заблагодари на Русите и побара да го одржат единството


Реизбраниот руски претседател Владимир Путин синоќа се појави на концерт во Москва по повод годишнината од анексијата на Крим и им се заблагодари на граѓаните на поддршката што му ја дадоа. Концертот „Русија.Крим.Севастопол“ беше одржан на плоштадот Мањежни во центарот на Москва. – Ви се обраќам вам, кои се собравте тука, но и на сите …

Путин им се заблагодари на Русите и побара да го одржат единството Read More »

Русите гласаа и во вселената, излезеноста таму е100 отсто


Руските избори за претседател се во полн ек не само на Земјата, туку и во Вселената. Денеска гласаа и космонаутите, а еден од нив вели дека таму излезеноста е 100 отсто. Космонаутот Антон Шкаплеров гласаше на претседателските избори во Русија и стапи во контакт со Централната изборна комисија во Русија. – Излезеноста на бродот на …

Русите гласаа и во вселената, излезеноста таму е100 отсто Read More »