Србија има 247 новозаразени и тројца починати


 

Во Србија во последните 24 часа потврдени се нови 247 заболени со Ковид-19. Тестирани биле 9.100 примероци.

Во истиот период починаа три пациенти.

Тоа е најмал број починати во еден ден од последиците од корона вирусот од 27 јуни наваму.

На репсиратор се 78 пациенти ширум Србија.