Рекордно висока бројка на затвореници во Англија и во Велс


Бројот на затвореници во Англија и во Велс достигна рекордно високо ниво, околу 88.350 луѓе се во затвор до денеска, покажуваат бројките на британското Министерство за правда.

Пред една недела бројот на затвореници во Англија и во Велс изнесувал 88.234, а пред четири седмици – 87.362.

Зголемувањето на бројот на затвореници изминатите недели најверојатно се должи на изречените затворски казни за учесниците во неодамнешните немири во земјата.

Се очекува дека околу 5.500 престапници ќе бидат ослободени порано од планираното во следните недели според привремените мерки. Но, мерките нема да важат за осудениците за сексуални престапи, тероризам, семејно насилство или други насилни престапи.