Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожарот источно од Лос Анџелес
Лос Анџелес – Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од пожар што гори источно од Лос Анџелес, што предизвика наредби за евакуација и вонредна состојба во Јужна Калифорнија, соопштија локалните власти.
Пожарот, кој избувна во четвртокот источно од Сан Бернардино, до вчераутро уништил површина од 17.459 хектари, според Калифорниското одделение за шумарство и спречување пожари, јави Еј-Би-СИ Њуз.
Властите почнаа да издаваат наредби и предупредувања за задолжителна евакуација и прогласија локална вонредна состојба откако пожарот изгоре повеќе од 7.000 хектари во саботата.