Почувствуван земјотрес во Дебар и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран рано утринава во 1 часот и 50 минути. Епицентарот на земјотресот е од подрачјето Дебар, на 80 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Дебар и околината.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.