Охрид е поубав со Росана Петревска – дама која диктира трендови


Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) викендов можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата.

Охрид како туристичка атракција, но и домаќин на гала- настани знае да биде писта на висока мода но и дом на рибарите, да се измешаат парфеми и мирисите на свежо фатена риба, да биде скапоцен како бисер, а да ви тежи кога е бижутерија. Охрид ви ја остава слободата да бидете никој и ништо, или некој и нешто, анонимен или славен, колку вие ќе дозволите.

Со ќерка си Лара во Рим

 

Повлечена целосно од јавноста, многу малку  се знае за неа по разводот со музичарот. Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си  Лара оваа година патуваше низ Европа.
 

Петревска важи за една од најубавите жени во јавниот живот, со искуство како заштитно лице на македонски моден гигант, претходно портпарол на АМСМ, а сега пред нов професионален предизвик .

Росана во Виена

-Бескомпромисна сум и не прифаќам изговори од типот „немам време, имам премногу обврски, имам деца…“ Жената е дама од своето раѓање и не треба многу време ниту пари за тоа да дојде од израз. Потребна е само желба. Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате. Мојот совет до сите девојки и жени е дека одраз на женственоста не е длабокото деколте или мини-сукњата. Вистинската женска убавина се гледа од сјајот во очите, од ставот и држењето на телото, од начинот на кој гестикулирате и начинот на кој зборувате. Никогаш не престанувајте да се грижите за себе, за својата внатрешна убавина и никогаш не престанувајте да се стремите кон тоа да бидете најдобрата верзија од себе, приватно и професионално, ни изјави Петревска во претходно интервју за „Независен“.

Росана во Маврово