(Во живо) Обвинетите во „Меѓународниот сојуз“ не се чувствуваат виновни


Во Основниот кривичен суд во Скопје почна судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски. Според неа, има несоборливи докази како лажејќи дека тоа е организација на Европската унија, Јовановски им земал речиси милион евра на бизнисмените Мицевски и Амзоски и како со помош на уште тројца обвинети тие пари ги испрал.

„Хуманитарна организација да осниваш и да ја водиш е гордост за секој човек, но да ја формираш и од почеток да лажеш дека е европска организација, е врв на да формираш хуманитарна организација и од самиот почеток таа да ја темелиш на лага дека зад тоа стои ЕУ и сите да ги убедуваш во тоа, е врв на еден криминален девијантен ум. Како почнала оваа голема измама? Се формира организацијата на собрание, за претседател е избран Бојан Јовановски, наводно од повеќе кандидати од непостоечката хуманитарна организација. На 8 јуни 2017 е усвоен акциски план, каде во точка 3 е предвидена изградба на европски центар за возрасни лица и тука почнува измамата“, ги почна воведните зборови Русковска.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.Јовановски рече дека долго размислувал дали да дава одбрана во предметот, бидејќи смета дека веќе е донесена одлуката.

„И да се превртиме наопачки и на глава, обвиниенето е веќе донесено, и така ќе биде на крајот, имајќи го во предвид искуството кое го доживеав на овој суд. Затоа размислував дали воопшто да давам одбрана“, рече Јовановски и рече дека се сложува со неговиот бранител дека тој е „таргетот“.

Рускоска пред почетокот на судењето го информираше судот дека барањето за нејзино изземање побарано од обвинетите Ременски и Јовановски, не е прифатено од државниот јавен обвинител.

Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Судењето за „Меѓународен сојуз“ почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.

Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2386941931600588/