Нови 304 заразени во БиХ


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа заразени се нови 304 со корона вирус, а во федерацијата 174, на 1.016 примероци.

Досега во Федерацијата тестирани се 81.485 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 5.631 лица. оздравеле 2.614 пациенти, од кои 99 последниот ден, а активни се 2.896. Починати се 121, од кои двајца во последното деноноќие.

Во Република Српска тестирани се 63 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 130 лица.

Здравствените власти повикуваат на придржување до мерките за заштита од Ковид-19.