Најавен е генерален штрајк во Грција, откажани се сите летови во четврток


Грција во четврток во генерален штрајк. Сите појдовни и влезни летови во Грција ќе бидат откажани поради 24-часовниот штрајк на грчките синдикати.

Ќе штрајкуваат и контролорите на летање, соопшти денеска нивниот синдикат. Штрајкот ќе започне утре во 23:01 часот (една минута по полноќ во четврток по локално време). Грчките авиокомпании соопштија дека патниците биле известени.

Синдикатите сакаат да се истражи железничката несреќа, поради што повикаа на генерален штрајк на сите вработени.