МВР: Синот на Јанчев бил на „мопед“, се судрил со автомобил


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата во која е повреден синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев, се случила триесетина минути по полноќ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и
„Гоце Делчев“ во Кавадарци. Дошло до судир меѓу автомобил „фолксваген пасат“,
управувано од Н.А. (36) од Кавадарци, и мопед „априлија“, управуван од петнаесетгодишно момче и сопатник – негов врсник.

„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Извршен е увид на местото
на настанот“, велат од полицијата.

Засега нема информации дали синот на Јанчев го управувал моторциклот или бил сопатник.

Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, но беше разрешен поради критиките кон раководството за ставот околу референдумот за името.