Баерн Минхен веќе преговара со ѕвезда на Ајакс

Баерн Минхен веќе преговара со ѕвезда на Ајакс
Баерн Минхен работи интензивно за летниот преоден период кога се очекува да биде засилен со голем број фудбалери и притоа „нема да штедат пари“.

Баварците беа елиминирани во осминафиналето на ЛШ од Ливерпул.

„Марка” тврди дека претставници на тимот биле во контакт со Ајакс за една од ѕвездите на тимот – Хаким Зиех. Мароканецот беше еден од холандските херои во елиминирањето на Реал Мадрид.

Офанзивниот играч има 25 години и се проценува за трансфер на околу 35 милиони евра.

Досега, од Алијанц арена се објавени трансферите на Бенжамен Павар од Штутгарт и талентот на Хамбургер – Јан-Фијте Арп.

Споделување со вашите пријатели: