Дачиќ: Србија ќе интервенира, ако Србите бидат нападнати во Косово

Дачиќ: Србија ќе интервенира, ако Србите бидат нападнати во Косово

Нема единствен апел од меѓународната заедница за Приштина за укинување на даноците на стока од Србија и затоа тие опстојуваат, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Тој вели дека САД имаат интерес даноците да се укинат, да се продолжи дијалогот, затоа што за себе сакаат политички плус.

„Некои земји на ЕУ не го сакаат тоа и постојано му зборуваат на (косовскиот премиер) Рамуш Харадинај да не ги укинува таксите. Тие сакаат дијалогот да продолжи и кога сите ќе седнат на преговарачка маса, тогаш да се укинат таксите“, рече Дачиќ за ТВ Пинк.

Зборувајќи за акцијата „челичен прстен“, Дачиќ рече дека Србија ги предупредила КФОР и НАТО дека ќе интервенира ако во косово бидат нападнати Срби.

„Србија нема да дозволи напад на Срби на северот на Косово. Секако, нема да дозволи напад на цело Косово, но северот е нивна опсесија“, додаде Дачиќ.

Споделување со вашите пријатели: