(ВИДЕО) Тупаници на мечот Торонто – Кливленд

(ВИДЕО) Тупаници на мечот Торонто – Кливленд
Кошаркарите на Кливленд неочекувано го совладаа Торонто со 126:101, а фрустрацијата на тимот од Канада најдобро се виде во реакцијата на Серж Ибака во последните моменти од третата четвртина.

Тупаниците брзо го заменија туркањето, а арбитрите ги испратија двајцата кошаркари во соблекувалната.

Ова е трет инцидент од овој тип за играчотна Торонто Репторс, и поради инцидентот, тој веројатно ќе пропушти три до пет натпревари. Секој пропуштен натпревар ќе го чини околу 150.000 долари.

Споделување со вашите пријатели: