Истрагата потврди: Кит Флинт извршил самоубиство

Истрагата потврди: Кит Флинт извршил самоубиство
Британската полиција соопшти дека пејачот од бендот „Продиџи“, Кит Флинт, извршил самоубиство со бесење.

Флинт (49) беше пронајден мртов на 4 март во својата куќа во Есекс. Официјални лица изјавија дека смртта не е сомнителна и дека се очекуваат резултатите од токсиколошките анализи.

Членовите на бендот „Продиџи“ минатата недела објавија дека Флинт се самоубил, додека медиумите објавија дека пејачот бил во депресија поради раскинувањето на врската со партнерката.

Флинт во британскиот бенд почна како танчер, но потоа беше главен вокалист во хитовите „Firestarter“ и „Breathe“.

Тој беше сопственик и менаџер на мотоциклистички клуб.

Споделување со вашите пријатели: