Јункер: Ако Лондон не замине од ЕУ до 23 мај ќе бира свои европратеници

Јункер: Ако Лондон не замине од ЕУ до 23 мај ќе бира свои европратеници

Белгија- Велика Британија треба да ја напушти Европската унија пред европските избирачи да гласаат за нов Европски парламент меѓу 23 и 26 мај. Во спротивно ќе треба да изберат свои европратеници. Тоа го нагласува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

– Напуштањето на Лондон треба да заврши пред европските избори кои ќе се одржат меѓу 23 и 26 мај оваа година. Ако Велика Британија не излезе дотогаш, ќе треба да почитува законска обврска да учествува на тие избори, нагласува Јункер во писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Споделување со вашите пријатели: