Облачно, со врнежи од дожд

Облачно, со врнежи од дожд
Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престанувааат, а до крајот на денот облачноста ќе се намали.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово -1, Охрид, Берово и Битола 4, Кавадарци 8, Крива Паланка 3 и Дојран 11 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 11, Маврово 2, Охрид 7, Битола 10, Кавадарци 12, Крива Паланка 8, Берово 7, Дојран 15 степени.

Споделување со вашите пријатели: