Во авионската несреќа во Етиопија загинаа 21 службеник на ОН

Во авионската несреќа во Етиопија загинаа 21 службеник на ОН
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека најмалку 21 службеник на ОН загинаа при вчерашното уривање на авионот на „Етиопија ерлајнс“, како и дека не е утврден бројот на лица кои соработуваа со Светската организација.

Гутереш седницата на Комисијата за статусот на жената во седиштето на ОН во Њујорк ја почна со едноминутно молчење оддавајќи им почит на 157 жртви во вчерашната несреќа.

– Тоа е глобална трагадеија која сите не допре и ОН се единствени во болката, посочи Гутереш.

Тој додаде дека загинатите службеници на ОН, кои беа од сите краеви на светот „имаа една заедничка цел – дух да им служат на луѓето во светот и да го направат подобро место за сите“.

Авионот на „Етиопија ерлајнс“, кој сообраќаше од Адис Абеба до Најроби се урна шест минути по полетувањето.

Споделување со вашите пријатели: