Советот на Европа ја обвини Русија поради тортура врз затвореници во Чеченија

Советот на Европа ја обвини Русија поради тортура врз затвореници во Чеченија
Комитетот против тортурата (КПТ) на Советот на Европа денеска повторно ја обвини Руската Федерација за наводно малтретирање на осомничени уапсени од страна на полициски сили во Чеченија.

– Употребата на тортура и друго малтретирање од страна на припадниците на безбедносните сили во Чеченија останува широко распространета, наведува Комитетот против тортура во најновиот извештај.

Овој извештај се однесува на три инспекциски посети на Паневропската организација во 2009, 2011 и 2017 година во затворите во Чеченската Република.

КПТ ги повикува руските власти да испратат „повик за нулта толеранција за лошото постапување“ од страна на највисокото политичко ниво.

КПТ веќе јавно ја обвини Руската Федерација на оваа тема во 2001, 2003 и 2007 година. -Загрижувачки е што, и покрај напорите на Комитетот во текот на изминатите дваесет години, актите на тортура против затворениците во Чеченската Република остануваат длабоко вкоренет проблем, изрази жалење Марк Кели, потпретседател на КПТ.

Организацијата, исто така, е загрижена дека слични практики беа забележани од страна на делегациите на „повеќе пати и во другите републики од регионот на Северен Кавказ“, како Дагестан и Северна Осетија.

Споделување со вашите пријатели: