Миланската скала изложена на критики поради предложеното финансирање од Саудиска Арабија

Миланската скала изложена на критики поради предложеното финансирање од Саудиска Арабија
Италијанската опера, миланска „Скала“ е цел на критики поради предлогот министерот за култура на Саудиска Арабија да добие место во Управниот одбор, што на институциујата би и донело дополнителни 16,8 милиони долари.

Во минатонеделното интервју за „Република“, директорот на миланската „Скала“ Александер Переира потврди дека операта преговара за такво финансирање од Ријад.

– Целта е да изградиме партнерство за најмалку пет години вредно најмалку три милиони евра годишно, нагласи тој.

Предлогот следната недела ќе биде изнесен пред Управниот одбор, но веќе наиде на жестоки критики од страна на владејачката партија „Северна лига“, како и од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони „Форца Италија“.

Претседателот на Управниот одбор на Миланската скала Џузепе Сала изјави дека не сака да влијае на одлуката на одборот и одби да каже дали го поддржува планот. Тој оцени дека спонзорството од Саудиска Арабија и одобрување место во Одборот може одделно да се разгледуваат.

Преговорите почнале по контакти со саудиската Влада и саудискиот нафтен гигант Арамико предложени од луѓе блиски на претседателот на областа Ломбардија, Атилио Фонтана кој е член на Лигата на италијанскиот министер за надворешни работи Матео Салвини.

На 7 декември, при официјалното отворање на новата сезона на операта, била организирана средба меѓу италијанскиот министер за култура Алберто Бонизоли и неговиот саудиски колега принцот Бадер бин Абдула. Контактите траат и денес.

Европратеникот од Демократската партија Антонио Панцери изјави дека идејата за влегување на Саудијци во Скала е шлаканица за Миланската Скала, која е отворена во 1778 година и е една од најпрестижните опери во светот.

Споделување со вашите пријатели: