Алегри убеден: Ако го поминеме Атлетико, ќе стигнеме до финалето

Алегри убеден: Ако го поминеме Атлетико, ќе стигнеме до финалето
Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри денеска изјави дека во фудбалот е се возможно и дека неговата екипа би можела да стигне далеку во Лигата на шампионите ако успее да го елиминира Атлетико Мадрид кој победи на првиот натпревар со 2:0, пренесуваат италијанските медиуми.

„Вторник за нас ќе биде круцијален ден во Лигата на шампионите. Пред нас е многу тежок натпревар, но ако победиме и минеме понатаму убеден сум дека можеме да дојдеме до финалето“, изјави Алегри.

Јувентус има негатива од два гола пред осминафиналниот реванш со Атлетико Мадрид кој ќе се игра утре од 21 часот во Торино.

„Не можеме да знаеме што ќе се случи бидејќи во фудбалот се е возможно. Би сакал да играме одличен натпревар и да видиме каде ќе не одведе тоа. Атлетико е добар противник“, изјави Алегри.

Атлетико, од друга страна, ќе биде засилен со враќањето на Диего Годин и Коке, кои го пропуштија мечот со Леганес викендов во рамките на шпанското првенство.

Споделување со вашите пријатели: