Интимен амбиент и уважени гости: Хит е да имаш поп-концерт во Филхармонија

Интимен амбиент и уважени гости: Хит е да имаш поп-концерт во Филхармонија
По Македонија и регионот, домашната поп-естрада ја освојува јавноста со концерти во Македонската филхармонија. Сака убав, полн звук, песните да звучат како симфонија, со оркестар, интимно и отмено, дотерана, со дотерани и уважени гости. Класичен амбиент место стадиони со неудобни столчиња, турканица за влез, турканица за излез, скриени пушачи кои ги открива чадот од цигари. Оваа традиција ја имаше и порано, некако ја врати прво гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, па Каролина, Туна, па Дани....

И публиката не сака на влезот да ја претресува обезбедување, сака да гази по црвен килим, да седи на удобни седишта, да има чувство дека е на концерт некаде низ Европа.

Нема да се откажеме од мобилните, и понатаму ќе ѕвонат и ќе ги вознемируваат и музичарите и гостите, и понатаму ќе пишуваме пораки на концерти или ќе сурфаме, ама чувството во Филхармонија нè прави како да сме многу важни, и ние и пејачите.

Скопје, иако главен град и метропола, не може да избира меѓу многу акустични сали за совршен звук и интимно чувство, изборот се сведува на ова или она, гага, подарени или купени од џеб влезници, речиси секогаш скапи за нашиот стандард и особено ако сте во двојка.

Л. Сабит

 

Споделување со вашите пријатели: