Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Планетите во Бик бараат егзактност: трипати мери, еднаш сечи - тоа е вистинската мера. Бидете нежни и рецептивни и така ќе освоите многу симпатии. Умереноста е доблест која што отвора нови врати во перцепцијата и сега треба да го научите ова. Без дефетизам, понудете се да сослушате некој и сменете го ставот. Љубезност.

БИК: Бавни и лежерни, денес е добро да обрнете поголемо внимание на комуникацијата: начинот на кој што контактирате со другите треба да е генијален. Не брзајте, туку приспособете се колку што е можно повеќе. Бескрајна креативност и жед за животот: најдете време да се одморите. Нема потреба да се борите со туѓите проблеми.

БЛИЗНАЦИ: Неизбежен пораз поврзан со преголема шпекулација, која нема никаква врска со реалноста! Ќе се дрзнете да стапите во водство, откако ќе се консултирате со некоја искусна, но страсна личност: господин кој е полн со идеи и визија за иднината. Бидете грациозни, чекајќи го своето време - тоа доаѓа набрзо! Неочекуван пресврт и среќа.

РАК: Бестрашни и борбени, денес сметате дека зборувате во името на сите: Месечината во Бик им помага на вашите блиски врски, но тоа не значи ништо ако не можете да направите вистински избор. Осврнете се кон своите духовни вредности и прашајте се колку сте навистина во право! Свртете му го грбот на светот и размислете добро.

ЛАВ: Времето бавно тече, а вие имате договорено рокови и тајминзи, кои што треба да се испочитуваат. Соочете се опозицијата, покажувајќи начин и план со кој што ќе напредувате на финансиско поле. Кој е вашиот статус? Постојат повеќе опции за иднината, кои бараат внимателно разгледување. Без шпионажа и игри. Контролирајте се.

ДЕВИЦА: Конвенцијата бара да им се обратите на старите авторитети: прогрес во креативните ангажмани и сега се гледаат квалитетите на одредени поединци. Наместо да замижите, послушајте го гласот на интуицијата и побарајте го одговорот во себе: искористете ја предноста на самотијата за да размислите за луѓето што ги љубите.

ВАГА: Зарем не мислите дека ова е идеално време да направите пауза? Одморете малку, не брзајте и побарајте одговор во некоја личност на егзекутивна позиција: зрел лидер, кој што не е поткуплив. Тука ќе ја најдете инспирацијата и ќе продолжите со трката наречена живот, користејќи ги своите најдобри страни и вештини. Натпревар.

СКОРПИЈА: Месечината го осветлува вашето поле на партнерства и сега сте заинтересирани за нешто сосема ново: време е да ги раширите крилјата и го постигнете својот дамнешен сон! Ова се неочекувани пресврти, но и тоа е за добро: не може вечно да чекорите по старата и изветвена патека. Нови вести и информации, со голема радост и ентузијазам.

СТРЕЛЕЦ: Некој чука на вашата врата: отворете и ќе се сретнете со Купидон! Занесени и расположени, зарем некој може да ја попречи таа среќа? Размислувате за својот личен статус во иднината и правите планови за практичната реалност. Страсна романса, полна со шарм и убавина: идеализам, здружен со нежна љубов. Поддршка.

ЈАРЕЦ: Внимавајте да не колабирате, обидувајќи се да го постигнете невозможното: нема потреба да напредувате по секоја цена, заборавете на опсесијата и не дозволувајте да бидете испровоцирани. Со сила убавина не бидува, затоа смирете го нервниот систем и вратете се во реалноста. Најдете време за медитација. Диететски режим.

ВОДОЛИЈА: Во рацете држите цврсти докази на предавство или информации со нејасен карактер, но не знаете како да ги споделите: сакате да наметнете авторитет, но со изгубена репутација не постигнувате ништо. Тешко дека сте флексибилни, не се залажувајте, тоа може да доведе до конфликти. Многу работи се случуваат без ваше знаење. Резон!

РИБИ: Ретроградниот Меркур е задолжен за скорешните недоразбирања, така што само ќе губите време и убавина ако им се препуштите на грижите. Не ризикувајте и не брзајте сега: нема место за импулсивност! Сликата е доволно конфузна самата по себе, затоа внимавајте. Ароганцијата би можела да ве чини скапо. Конспирации и шеми.

Споделување со вашите пријатели: