Пендаровски не забележал дали сѐ уште го следат, но чувството е непријатно

Пендаровски не забележал дали сѐ уште го следат, но чувството е непријатно
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски смета дека е завршена работата со неговото следење и фотографирање, откако пријавил во МВР, не е закана за неговата безбедност, но вели дека чувството не е пријатно. Пендаровски вели дека не забележал дали сѐ уште го следат, но додава дека тоа е завршена работа.

„Таа работа е завршена. Поднесов пријава и целата работа е кај МВР. Има истрага и тие знаат понатаму. Не сакам да коментирам понатаму за да не им ставам на товар повеќе работи. Тоа е непријатно чувство, но не значи дека е безбедносна закана по мојот интегритет“, рече Пендаровски.

Не сакаше да каже дали останува на ставот дека е следен од служби кои се блиски на опозицијата.

Тој истакна дека неговата главна заложба, на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ, била дека изборите мора да бидат кристално чисти.

„Димензионирана ќе биде мисијата според потребите. 300 луѓе ќе ги следат изборите. Наша заложба е да има повеќе монитори, особено од граѓанскиот сектор. Далечно минато треба да бидат гласови на нерегуларен начин“, нагласи Пендаровски.

На прашањето дали очекува фер кампања од страна на противкандидатите, тој вели дека сака да биде оптимист оти нема да има валкана кампања од неговите противници.

Споделување со вашите пријатели: