„Буба“ со потпис на Путин продадена за 20.000 евра

„Буба“ со потпис на Путин продадена за 20.000 евра
„Буба“ потпишана од рускиот претседател за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, беше продадена за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели.

Кнајсел во интервју за „Комерсант“ рече дека „бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција.

- Не ни припаѓаше на нам, ние ја добивме само за свадбата, а тој ден им кажавме на гостите дека сакаме да ја продадеме за добротворни цели - рече Карин Кнајсел.

Путин на 18 август присуствуваше на венчавката на Кнајсел во Австрија и се потпиша на „бубата“ на брачниот пар.

Споделување со вашите пријатели: