Црна гора забрани работа во недела и на празници

Црна гора забрани работа во недела и на празници

Владата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за внатрешна трговија со кои се забранува работа на продавниците на големо и на мало во недела и за празник.

Позитивна вест е што околу 37.000 вработени во секторот на трговијата ќе имаат слободни денови, наведува Владата на Твитер.

Неопходните објекти за непречено функционирање на општеството се изземени од ова правило, пренесоа црногорските медиуми.

Споделување со вашите пријатели: