(Видео) Откажани летови во Германија поради бура, загина еден човек

(Видео) Откажани летови во Германија поради бура, загина еден човек

Бура со оркански ветар ја погоди Германија во неделата, што доведе до откажување и одлагање на авионски летови, особено на западот од земјата.

Полицијата соопшти дека 47-годишен возач загинал кога на неговиот автомобил паднало дрво во Бествиг, на околу 100 километри североисточно од Келн, пренесе АП.

Железничката компанија „Дојче бан“ соопшти дека го сопрела регионалниот сообраќај, како и возовите на други дестинации во покраината Северна Рајна-Вестфалија, затоа што неколку линии се во прекин, а шините се блокирани од паднати дрвја.

Некои летови од аеродромот во Франкфурт, најпрометниот во земјата, се откажани. Два авиона кои летале кон аеродромот Келн Бон се пренасочени поради силниот ветар.

Зоолошките градини во Дортмунд, Вупертал и Хам се затворени поради бурата, додека во Дуисбург падна кран и делумно заврши во реката Рајна.

Метеоролошката служба во неделата издаде предупредување во делови од западна и централна Германија, предвидувајќи удари на ветар до 120 километри на час, а денеска се очекуваат и снежни врнежи.

Споделување со вашите пријатели: