Начо за Солари: Сложено е, работите не одат

Начо за Солари: Сложено е, работите не одат
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез можеби кажа повеќе отколку што требаше по победата со 4:1 над Ваљадолид во Ла Лига синоќа. Шпанецот изјави дека во моментов односите меѓу играчите и тренерот Сантијаго Солари се „комплицирани“, бидејќи тимот не ги постигнува потребните резултати.

Убедливата победа над скромниот ривал во шпанското првенство едвај ги смири навивачите на „белите“, кои во текот на минатата недела беше совладани со 1:4 од Ајакс во осминафиналниот реванш од Лигата на шампионите. Резултатот го исфрли европскиот клупски шампион од турнирот и така во 2019-та, Европа ќе има нов шампион.

Против Ваљадолид, Реал дефинитивно не одигра највпечатливо прво полувреме, но во вторите 45 минути ја обезбеди победата.

– Немаме изговори. Ние поминуваме низ тешка недела, но требаше да победиме и знаевме дека Ваљадолид ќе одигра силно. Оваа победа, сепак, не ја брише тешката недела што ја поминавме. Овој клуб те обврзува да победуваш и имаме желба секој ден да го браниме амблемот. Тешко е, ќе тераме ден за ден. Ние би сакале да ја завршиме сезоната со трофеј. Односите со Солари? Тоа е комплицирано, бидејќи работите не одат. Солари е нашиот тренер и треба да застанеме зад него, изјави Начо по мечот.

Споделување со вашите пријатели: