Американка потрошила 20 илјади фунти за да изгледа како Меган Маркл

Американка потрошила 20 илјади фунти за да изгледа како Меган Маркл
САД- Американка се одлучила за услуги на пластичен хирург за да ја оствари нејзината желба да изгледа како Меган Маркл. Кошел Гриер  била толку опседната со тоа да изгледа како Војвотката на Сасекс што потрошила 19.000 фунти за интервенции.

Жената која живее во Тексас одлучи да ги прошири усните со филери, се подложи на назална операција и има ботокс. Подоцна, таа побара лифтинг за лицето, како и липосукција за стомакот.

26-годишната Американка ја изгубила самодовербата во својот изглед откако се породила пред две години. Како мајка на три деца, таа паднала во депресија, бидејќи таа не изгледала добро. Бидејќи убавата облека и шминка не ја задоволиле, во еден момент таа му кажала на сопругот дека само пластична хирургија ќе ѝ  помогне.

“Се чувствувам среќно кога се гледам во огледалото. Гледам подобра верзија на мене “, рече таа по интервенциите. Според неа, нејзината сличност со Меган Маркл е впечатлива.

“Отсекогаш ми се допаѓала Меган Маркл. Таа е убава, има стил и е многу нежна со принцот Хари “, вели Грир, кој се обидува да ја купи истата облека како Меган Марк.

 

Споделување со вашите пријатели: