Ново рочиште за „Титаник“, ќе се изведуваат материјални докази

Ново рочиште за „Титаник“, ќе се изведуваат материјални докази

Со изведување материјални докази, во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во врска со изборни нерегуларности.

 Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Споделување со вашите пријатели: