„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони

„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони

Етиопија- Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашната несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица.

Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост“ по вчерашната фаталната несреќа.

– Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме да ја приземјиме таа флота како дополнителна мерка на безбедност, се истакнува во соопштението.

И Кина претходно соопшти дека нејзините воздухопловни власти ги приземјиле сите авиони Боинг 737 Макс, во очекување на понатамошна истрага.

Споделување со вашите пријатели: