Мицкоски по средбата со Заев: Јанева не смее да го води СЈО

Мицкоски по средбата со Заев: Јанева не смее да го води СЈО
Опозицијата е расположена да влезе во разговори за решавање на статусот на СЈО, но на чело на тоа обвинителство не смее да биде Катица Јанева, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со премиерот Зоран Заев вечерва во владата. Тој рече дека е добро да почнат преговори меѓу партиите за СЈО, за таа цел од утре ќе се формираат работни групи, ама дека актуелната шефица на ова обвинителство го изгубила професионалнот кредибилитетот.

Мицкоски му го повторил на Заев предлогот за државен јавен обвинител предложен од опозицијата, рече дека треба да се расчистат и некои стари случиаи од периодот на транзицијата, како приватизацијата на ЕСМ или Телеком. Според Мицкоски, барањето за државен јавен обвинител може да биде и со одложено дејство, со оглед на контрааргументите со кои настапил Заев.

За изборите, Мицкоски најави координација меѓу изборните штабови на власта и на опозицијата и оцени дека има многу пропусти во предизборието, како вработувања во администрацијата и трансфери од единиците на локалната власт во државната управа, но и промотивни активности, иако кампањат не е почната се уште.

Рече дека со Заев разговарале на две теми, создавањето услови за фер и демократски избори и за реформската агенда за добивање почеток на преговори со ЕУ. Мицкоски му посочил на премиерот дека опозицијата е жртва на политички прогон.

-На претседателските избори имаме два круга, така што многу нешта ќе зависат од однесувањето на владата, рече Мицкоски.

Споделување со вашите пријатели: